ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

На 10 септември седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР и надзорна посета во просториите на АНБ

September 5, 2025 22:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши вечерва соопштија дека седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, која првично беше закажана за денеска во 17:00 часот, по договор на пратеничките групи преку координативен состанок ќе се одржи на 10 септември.

Од собраниската прес-служба информираат и дека за истиот ден е предвидена и надзорна посета во просториите на Агенцијата за национална безбедност.

-Оваа одлука е во насока на зачувување на дигнитетот и интегритетот на Собранието  и како резултат на политичката култура и отворената дебата меѓу сите претставници во Собранието. Таа ја потврдува посветеноста на транспарентност, одговорност и унапредување на демократските процеси во интерес на граѓаните, посочуваат од Кабинетот на Гаши.

Седница со таа точка на дневен ред беше закажана за денеска во 11 часот, свикана од претседателот на Собранието, Африм Гаши, но беше одложена, па беше најавено дека ќе се одржи во 17 часот попладнето.

Претседателот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање Скендер Реџепи-Зејд за МИА потврди дека Гаши вторпат денеска ја закажал седницата на Комисијата со истата точка на дневен ред. Потенцира дека се договориле седницата на Комисијата закажана за во 17 часот да се поништи и таа да се одржи како што претходно се договориле  на 10 септември. Повтори дека тој ќе работи како што налага Деловникот. Посочи дека додека е претседател на оваа Комисија, тој треба да ја свика седницата.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 2 септември информираше дека по насоки на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, оформиле предмет во кој се преземаат дејствија на проверки на наводите за следење на премиерот Христијан Мицкоски, како и дека детално ќе бидат испитани и наводите во последните известувања од АНБ.  Тим од истражители од ОЈО ГОКК, како што соопштија оттаму, денеска биле примени во АНБ во рамки на предистрагата за наводите за незаконско прислушување, при што била договорена динамиката за спроведување на увидот во документацијата со која располага АНБ.

Next Post

Максим Димитриевски и официјално е кандидат за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk