ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Отворен МТФ „Денови на комедија“ во Куманово

September 25, 2025 12:17
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Почна 28-тиот меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ во Куманово. Вчера свечено беше доделена наградата „Васил Иљоски“ на актерката Весна Петрушевска за нејзиниот особен придонес кон театарската уметност. Петрушевска пред кумановци кажа дека наградата по значење е трета во државата, особено што го носи името на Иљоски.

– Досега сум изиграла 76 улоги, човек. Многу се радувам на кумановската публика, која може да биде многу строга и затоа им посакувам среќа на сите колеги, рече Петрушевска која наградата ѝ ја посвети на нејзината мајка.

Фестивалот го отвори кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски кој рече дека интересот на граѓаните  за фестивалот само покажува колку кумановци сакаат театар кој тековно се реконструира.
-Комедијата е уметност што нè обединува и потсетува дека сите се смееме на ист јазик .Ве поканувам сите љубители на театарот да бидете дел од фестивалските вечери и заедно да уживаме во театарската магија, кажа Димитриевски.
Директорот на НУЦК, Сашо Тодоровски рече дека билетите како и секоја година се распродадени.

-Благодарни сме на публиката за интересот и на изборот на театарските претстави. Уште две години и фестивалот ќе слави 30 години постоење. Навистина е восхитувачки и благодарен сум на оние кои пред 28 години ја започнале оваа идеја, рече Тодоровски.

Први пред кумановската публика на првата вечер настапи велешкиот театар со претставата „Госпоѓа министерка“. На годинешниов фестивал ќе настапи битолскиот со „Рибарски Караници“, МНТ со „Бог на колежот“, Театар комедија „Да живее долна дупка“, „Едно предавање“ од Прешево, „На траг“ од Крагуевац, драмата на албански од Куманово со „Грабеж на дијамантот“, струмичкиот со „Петок 13-ти“, театар од Пирот со „Покондирена тиква“ и сатиричниот театар од Софија со „Постојната сопруга“ ќе игра пред кумановската публика. Фестивалот традиционално ќе го затвори театар Куманово со „Разбуди се Тина“. Годинава, стручното жири ќе додели награди за најдобра претстава, режисер, за најдобар актер, актерка, млад актер, споредна улога, сценографија, костимографија.

Tags: „Денови на комедија“Куманово
Next Post
Instagram

Движењето „Ниту една повеќе!“ повикува на блокада денес од 18 часот пред парк „Жена Борец“

НАЈНОВО

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk