ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Филхармонија најави уште една возбудлива музичка сезона со врвни диригенти и солисти

September 30, 2025 12:36
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Филхармонија

Фото: Филхармонија

Share on FacebookShare on Twitter

Македонската филхармонија в четврток во 20 часот ја почнува новата концертна сезона со концертот насловен „Класика РеСтарт“ на кој како солист ќе настапи врвниот колумбиски виолончелист Сантјаго Канон Валенсија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски. На програмата се дела од Бете Илин, Едвард Елгар и Антонин Дворжак.

Директорот на Македонската филхармонија, Мустафа Имери денеска на прес-конференција рече дека новата концертна сезона 2025-2026 е насловена „#Без филтер“, бидејќи сакале да потенцираат дека класичната музика не подлежи на вештачки разубавувања, дека станува збор за уметност без шминка, без технолошки разубавувања, уметност во својот најавтентичен облик.

-Оркестарот на Македонската филхармонија и во сезоната 2025/2026 ќе тргне во нова звучна авантура со возбудливи солисти и диригенти кои ја испишуваат денешната историја на класичната музика и се етаблираат на светската сцена како врвни уметници. Нашата публика повторно ќе има привилегија да доживее неповторливи мигови на врвно уметничко задоволство, посочи Имери.

Тој го најави и гостувањето на Филхармонијата во „Музикеферјан“ во Виена на 28 октомври, на матичната сцена на која познатата Виенска филхармонија ги одржува своите концерти, меѓу кои и еден од најпознатите – Новогодишниот концерт кој се одржува секој 1 јануари.

-Во Виена ќе се претставиме со спој на македонската традиција и европската класика – ќе бидат изведени дела од тројца македонски композитори – Глигор Смокварски, Бете Илин, Сони Петровски, како и Симфонијата број 8 од Антонин Дворжак. Како солисти ќе настапат Ана и Игор Дурловски. Ова е историски момент за нашиот оркестар, но и за нашата држава чија музичка култура и традиција ќе ја претставиме на најдобар начин, како најстар и единствен симфониски оркестар во државата. Македонската филхармонија уште еднаш ќе испише историја, и ќе докаже дека културата е најсилниот дипломатски инструмент и најдобар амбасадор на државата во светот, потенцира Имери.

Појасни дека до крајот на сезоната ќе има интересни концерти со исклучителни странски солисти, но и домашни уметници како кларинетистот Васко Дуковски, виолинистката Фросина Богдановска, виолончелистот Паскал Краповски и виолинистката Сихана Бадивуку.

– Роденденскиот концерт е на 27 ноември со врвниот ерменски виолинист – Сергеј Хачатријан, а ќе настапат и виолистот Александар Земцов, виолинистите Теди Папаврами, Ава Бахари, Шкељзен Доли, харфистката Анелин Ленеартс, пијанистите Ендру фон Ојен и Алим Беисембајев, како и еден од најдобрите виолинисти во моментов – фантастичниот Нинг Фенг од Кина. Зад пултот ќе застанат нашите стари пријатели – диригентите Емил Табаков и Конрад ван Алфен, повторно ќе настапи и Бар Авни, лауреатката на „Маестра“, Најден Тодоров, Тимоти Редмонд, Олси Кинами, нашите диригенти, Сашо Татарчевски, Борјан Цанев и Бисера Чадловска. Ќе имаме возбудлива концертна програма, во која се надевам дека ќе уживаат вљубениците во класиката и нашата верна публика, рече Имери.

Концертмајсторите Анна Кондратенко и Владимир Костов кои беа дел од уметничкиот совет кој ја креираше програмата за оваа сезона истакнаа дека при изборот на делата се водело сметка да бидат застапени дела од сите епохи.

-Кога ја создаваме програмата важно ни беше да одбереме дела кои се важни за развојот на оркестарот, да бидат опфатени дела од т.н. железен репертоар, но и дела кои не биле изведени на нашата сцена, рече Кондратенко.

Според Костов, освен делата од железниот симфониски репертоар, важно е да се напомене дека публиката ќе има можност да чуе и премиерни изведби на дела кои досега не биле изведени на нашата сцена.

-Првпат ќе биде изведено вокално-инструменталното дело на Карл Џенкинс, мисата за мир „Вооружен човек“, како и моќната и грандиозна Симфонија бр.11 од Дмитри Шостакович, на програмата се и капитални дела оркестарски дела како „Посветување на пролетта“ од Игор Стравински, истакна Костов.

Освен симфониските концерти, публиката ќе има можност да проследи и интересни камерни концерти, како и симфониски концерти, наменети за најмладата публика.

Tags: Фихармонија
Next Post

Проданоски - Ќе го решиме проблемот со сообраќајниот хаос во Прилеп; Николоска - Проданоски е несоодветен, како претседател на Советот ништо не направи

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп побара истрага за Клинтон и други демократи; Обвинителката Бонди почна постапка за „Епштајн врските“

November 15, 2025
Фото: Илустрација, генертирано со ВИ

Шпанските научници идентификуваа неврони во амигдалата кои предизвикуваат анксиозност

November 15, 2025

Каја Калас: Ако сакаме мир, мора да се подготвиме за војна

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 15 и 16 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска сè поблиску до Оскар по двојната номинација на Cinema Eye Honors

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk