Цената на златото првпат во историјата се искачи над 4.000 долари по унца (28,3 грама).
Цената на унца злато за испорака во декември денеска се зголеми за 1,3 проценти и се тргуваше за 4.056,80 долари.
Растот на цената на златото е поттикнат од зголеменото вложување на инвеститорите во злато, со цел да се заштитат од глобалната економска и политичка нестабилност. Златото традиционално се смета за безбедна инвестиција во нестабилни времиња.
Цената на среброто се зголеми за 2,2 отсто и унца се тргуваше за 48,85 долари, блиску до рекордот од 49,51 долари.
Од почетокот на годината, цената на златото се зголеми за околу 54 проценти, откако минатата година порасна за 27 отсто.