Во белгискиот град Гент вечерва е дуелот на непоразените репрезентации од групата Ј од квалификациите за СП 2026. Македонската фудбалска репрезентација по пет натпревари со 11 бодови е лидер на табелата, додека домаќинот Белгија е на втората позиција со 10 бодови.
Нашиот противник вечерва ќе ја игра својата игра: со контранапад и ќе се обиде да притиска високо и да игра со долги топки. Тие имаат талентирани играчи и добро ги користат своите силни страни. Мораме да ја играме нашата игра и да ја градиме врз основа на она што го видовме во септември. Агресивни се во дуелите со добра игра. Не примаат многу голови, па затоа мора да најдеме решение за тоа, изјави селекторот н Белгија Руди Гарсија.
Првиот дуел на овие две селекции одигран ан 6.јуни во Скопје заврши нерешено 1:1, а Езгјан Алиоски голот за нерешен резултат го постигна во финишот на натпреварот.