ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Што ќе му биде последно на Мицкоски

Браво премиере, оди до крај храбро и кажи ѝ збогум на Европа додека не ги прифати твоите услови. Утре ќе јадеме десерт, како во последната реченица од новелата на Маркес „На полковникот нема кој да му пишува“

February 3, 2026 13:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЕРОЛ РИЗАОВ

По десетти пат го преслушувам и читам со воодушевување храбриот патриотски став на премиерот Христијан Мицкоски искажан во Собранието дека е подготвен да оди до крај, па макар тоа му било и последно, додека ЕУ не ги прифати неговите услови и на неговата влада за да ѝ каже збогум на Европа. Си велам, браво, добро е да му биде последно и што побрзо „вавилонската ороспија“ да ја прифати неговата понуда. Тоа се вика исправена кичма, гордост и достоинство. Алал вера Христијане.

Денот ми го снеубавија вестите од Брисел дека Црна Гора и Албанија ќе станат членки на ЕУ во 2028 и 2029 година. Не поради нивниот успех, за тоа само честитки, туку поради нашиот примитивизам и простаклук поразите да ги прикажуваме како победи, а успесите како велепредавства.  Какво е тоа понижување за Албанците и за Црногорците да  станат членки на ЕУ.

Додека го пребројувам со мачнина списокот на понижените држави пред кои бевме кандидати за влез во европското семејство уште пред 30 години, ми се јави еден пријател кој вели дека е разочаран што го нема на списокот на комуникациите на злогласниот Епштајн.

Вели, не е можно од милиони страници во досиејата достапни на јавноста да нема ништо за мене, за моите  прекрасни денови и забави што ги имав на неговата јахта, кои сега драматично брзо ги читаат и објавуваат светските највлијателни и најугледни медиуми,  никој да не ме спомне. Загрижено рече: сега ми е паднат рејтингот на мачо мен на нула. Избришан и изолиран сум од светскиот крем на џет сет личности.

Му велам дека некој го наместил од политички и финансиски  причини. Заев и Филипче сигурно стојат зад тоа, за да му го земат престижното место. Почекај уште неколку дена додека јастребите на ВМРО-ДПМНЕ не го откријат тоа. Ќе биде тоа голем скандал кога ќе се појават во живо двете темни вмровски  фигури во македонските независни и слободни медиуми со прашањето: нека кажат Заев и Филипче дали имале комуникации со Епштајн и дали биле гости на неговата јахта и што правеле таму. Можно е да има и фотографија како корпус деликти потврдена од вештачката интелегенција. Нашиот народ е паметен, веднаш ќе открие дека тоа е вистина. А, за јавно поставено прашање не се одговара. Ако пак направат таква глупост и се обидат да одговорат на такви прашања тоа ќе значи дека навистина биле на урнебесните журки и на баханалиите на белосветските монструми. Исто како во Дубаи. Кој сѐ не отиде во Дубаи, ама ако отидат политички противници тоа е ударната вест.

Анштајн од МАНУ и Цвајнштајн од Дебар Маало

Батали  и Епштајн и Франкенштајн, гледај и читај што кажуваат Анштајн од МАНУ и Цвајнштајн од скопско легендарно Дебар Маало. И Анштајн и Цвајнштајн е една иста личност само некогаш се јавува во двојна, или по потреба во тројна улога. Еднаш е Ајнштајн, светски  научник кога бара „недостојниот“ претседател на МАНУ да си замине од функцијата, бидејќи во Алејата на бесмртните нема расправа за минатото, сегашноста и иднината, со други зборови, истражува успешно колку ангели можат да застанат на врвот на една игла, а истовремено е и голем филозоф Цвајнштајн (два Ајнштајна) од Дебар Маало кога ги цитира Тукидит, Вебер и Исус.

Притоа ја издвојувам како најсилна парафразата на Исус која ептен приличи на научник и филозоф: „пазате се од лажните претседатели кои доаѓаат во овча кожа, а однатре се волци грабливи“. Ова иделно и инспиративно се вклопува со еден друг претседател, не на МАНУ, туку на државата (кој, патем кажано, патува за Дубаи), кој за да ги елаборира македонските повеќевековни страдања се повикува на античките митови за Одисеј и за Пенелопа. Жална и кутра Македонија на што спадна. Митовите да ни бидат аргументи. Наместо во иднина, ние отидовме во вековите пред Христа. Каква блескава аргументација за неправдите што ни ги прави неправедниот свет кој страшно се потресе од митологијата на претседателот на државата.

Чекајќи го писмото од Брисел за нашите услови

Ете затоа ме одушеви премиерот Христијан Мицкоски кој е најконкретен да оди до крај, па макар му било и последно, да не даде Господ. Тој има само два услова: на Македонците во Бугарија да им се овозможи остварување на нивните права без менување на бугарскиот устав преку регистрација на ОМО „Илинден“ – Пирин и само уште еден услов:  Европскиот совет да донесе заклучок со кој ќе биде потврдено дека нема натамошни вета или условувања во врска со македонскиот јазик и идентитет. Навистина одлично, убаво звучи и е многу прифатливо.

Само два услова од кои едниот не е доведен во прашање од ЕУ, тој што се однесува до јазикот и до идентитетот. И другиот предуслов е прифатен одамна од Судот во Стразбур. Тоа што Бугарија не го прифаќа е нејзин проблем. Македонскиот јазик и неговите идентитетски посебности се признати и од науката и од ОН и од целиот свет. Зошто ни е потребен таков заклучок кога не се доведуваат во прашање, не е тешко да се погоди. Тоа би била уште една голема победа која од поодамна е извојувана.

Исто како што го прогласи егзалтирано затворањето на постомориторинг дијалогот на Советот на Европа со Македонија. Мицкоски овој чекор напред го нарече историски како рамо до рамо со денот кога се прогласи независноста на Македонија. За премиерот ова значи историско признавање за нивото на демократија во државата и силен демант за критиките за квалитетот на демократијата и слободата на говорот. Сето тоа го прикажа како успех на актуелната влада постигнат во 19 месеци од мандатот. Премолчува дека најголемиот напредок Македонија во процесите на развојот на демократијата и слободата на говорот со егзактни податоци на светски надлежните  институции и на ЕУ, Македонија ги има постигнато во периодот од 2017 до 2024 година во време на претходната влада кој тој, ВМРО-ДПМНЕ и нивните медиумски послушници го нарекуваат најцрниот период во историјата на Македонија по прогласување на независноста.

Тоа е една од најсрамните пиар пропаганди на ВМРО-ДПМНЕ во сите области да се кити со туѓи пердуви. Така се отвораа брзи пруги и патишта, по само шест месеци од освојување на власта, делници од автопати кои се градат со години, така се гради веќе изградената подземна сообраќајница под „Дајмонд мол“, така се гради вијадуктот кај Момин поток кој е почнат и се гради безмалку десет години. Вистината е дека владата на Мицкоски за две години нема почнато, ниту изградено барем еден капитален објект. Напротив, како моќна опозиција во период од седум години многу работи закочи во Собранието на Македонија, особено најголемиот државен стратегиски интерес -членството во ЕУ.

Не верувам дека Мицкосоки ги заборавил другите многу позначајни услови што треба да ги оствари во евроинтегративниот процес и кои прецизно се набројани како поглавја во преговорите. Се работи за остварување на реформите на кои можат да се стават стотици вета, не само од Бугарија, туку од било која членка на ЕУ. Веќе одамна се добро познати и да не ги набројуваме почнувајќи од владеење на правото, независниот правосуден систем, организираниот криминал и корупцијата, демократијата, независноста на медиумите и човековите права,  економијата, стандардот на граѓаните, образованието, здравството, земјоделството, екологијата…

Без тоа ќе чекаме уште сто години да стаса писмото од Брисел како во новелата на Габриел Гарсија Маркес „На полоковникот нема кој да му пишува“, кога на прашањето на неговата жена – што ќе јадеме утре – одговора „гомна“.  Според многу критичари, тоа е најимпресивната реченица во литературата која со еден збор го разјаснува апсолутното дно на човечкото достоинство.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Независен
Next Post

Тошковски: Со Безбеден град имаме намалување за 32% на повредени лица во Скопје и 64% помалку на загинати во сообраќајни незгоди

Shortcut

Најново

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk