Од четвртото издание на фестивалот на отворено „When in Krushevo“ одржан во јуни е објавено видео за кое музиката е на групата „Фолтин“ – песната „Облаче“ од албумот „Пијан славеј“ од 2015 година.
Мисијата на фестивалот „When in Krushevo“ е да го сврти вниманието на македонската, но и на странската публика за огромниот потенцијал и богато културно наследство што ги нуди Крушево и околината.
Организаторот наведува дека погодната местоположба и клима му овозможува на градот да биде атрактивен за посета преку целата година, за сите возрасти, рекреативци, љубители на адреналински спортови или кампери.
извор: МИА