ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Германска зоолошка градина можеби ќе мора да ги храни животните едни со други

Директор на зоолошка градина во северна Германија дури призна дека некои животни можеби наскоро треба да се хранат со други, доколку зоолошката градина сака да преживее. – Направивме список на животните кои први ќе треба да ги заколиме, изјави Верена Каспари од зоолошката градина Нојмунстер за „Ди Велт“.

April 19, 2020 13:44
in ДЕНЕС, МАГАЗИН, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Зоолошките градини кои требаше да бидат преполни во сончевите велигденски празници сега се празни и бараат донации, поради последиците од карантинот воведен поради коронавирусот.

Директор на зоолошка градина во северна Германија дури призна дека некои животни можеби наскоро треба да се хранат со други, доколку зоолошката градина сака да преживее.

– Направивме список на животните кои први ќе треба да ги заколиме, изјави Верена Каспари од зоолошката градина Нојмунстер за „Ди Велт“.

Зоолошката градина во Берлин има панди близнаци, но нивните обожаватели можат да ги гледаат само на интернет.

Портпаролката на зоолошката градина Филин Хашмаистер за новинската агенција ДПА изјави дека „пандите близнаци од пандата се многу слатки“.

– Постојано размислуваме дека посетителите треба да ги следат во живо. Не сакаме малите панди да пораснат до моментот кога конечно повторно ќе отвориме, рече таа.

Големи апетити

Госпоѓа Каспери во зоолошката градина Нојминстер рече дека убиството на некои животни за да можат другите да живеат ќе биде последно средство и „непријатно“, но дури и тоа не би го решило финансискиот проблем.

На фоките и пингвините им требаат големи количини свежа риба дневно, истакна таа.

– Ако дојде до тоа, ќе треба да еутанизирам животни, наместо да ги оставам да изгладнат, рече таа.

– Во најлош случај, ќе мораме да храниме едни животни со други.

Зоолошката градина на Каспери припаѓа на здружение, кое не е опфатено од државниот фонд за итни случаи за мали бизниси.

Таа проценува дека загубата на приходите од зоолошката градина оваа пролет ќе изнесува околу 175.000 евра.

Покрај директните апели за јавни донации, германските зоолошки градини заедно бараат владина помош во вредност од 100 милиони евра, јави ДПА.

Германското Национално здружение на зоолошки градини (VdZ) тврди дека зоолошките градини, за разлика од многу други бизниси, не можат да одат во хибернација и да ги намалат трошоците. Животните сè уште треба да се хранат секојдневно и некој да се грижи за нив, додека тропските живеалишта треба да се загреваат над 20 степени.

Шефот на ВдЗ Јерг Јунхолд изјави дека карантинот една типична германска зоолошка градина ја чини околу 500.000 евра неделни загуби.

Зоолошката градина Шенбрун, една од најголемите атракции во Виена, соопшти дека засега може да функционира со она што има заштедено.

Но, на 1 април испрати 70 проценти од своите 230 вработени на тримесечен одмор – период во кој работните места им се заштитени. Австрија има систем „Курзарбајт“ (субвенционирана краткотрајна работа) како што е во Германија, така што повеќето работници не ги губат своите работни места кога нивниот работодавец се соочува со тешки времиња.

На животните им „недостасуваат луѓе“

Некои вработени во зоолошките градини исто така предупредуваат дека кризата има емотивно влијание врз одредени животни, затоа што им недостасува вниманието што обично го добивале од посетителите.

Хашмаистер од берлинската зоолошка вели дека „мајмуните особено сакаат да гледаат луѓе“.

Таа изјави дека фоките и папагалите исто така биле фасцинирани од нивните посетители и оти „за нив сега е навистина прилично досадно“.

Минатата недела, зоолошката градина во Москва, исто така, соопшти дека на нејзините две гигантски панди „сега нешто им недостасува “.

– Тие почнаа многу поактивно да се доближуваат до секоја личност што поминува покрај нивното живеалиште, се вели во соопштението. (МИА)

Next Post

15: Сметките од ЕВН и БЕГ за тие со минималец, на рати и без камати, направете парк кај „Треска“, заедно разделени

Shortcut

Најново

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk