Waste No Love е насловот на најновата песна што ја објави кантавторот Јон Ајди (Yon Idy), кој својот најнов поп-рок потфат го подготви целосно. Стиховите, композицијата и вокалната изведба се целосно негови. Тој ги свири и гитарите во песната.
Песната е снимена во Студио Подрумот, со продуцентот Ангел Ќосев. Мастерингот го направи Бобан Апостолов – naBBoo.
Двете претходни песни на Јон, Gentle и Walking the Line of Love, веќе станаа дел од плеј-листите на радио-станиците низ Балканот, но и на значителен број радио-станици во Европа.
Јон е кантавтор од Скопје. Тој главно користи акустични инструменти, кои ги свири самиот, го пее водечкиот вокал, како и придружните вокали.