ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Лош Ден на полицијата

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА Ете што била работата со спотот на Чулев: да се направи долг круг на полициските возила околу електро-крстот во Аеродром, за да знаат сите нехристијани во земјава (Шиптарите, бе!) дека МВР, со официјален спот платен од Министерството за Денот на полицијата, е тука за да ги чува каурите… За да си немаме недоразбирања, да не мора и војводата Ч(а)улев (вториот голем полициски круг околу неговиот споменик со коњот, снимано од два различни ракурси) да припукува од кубурот!

May 8, 2020 09:00
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Ете што била работата со спотот на Чулев: да се направи долг круг на полициските возила околу електро-крстот во Аеродром, за да знаат сите нехристијани во земјава (Шиптарите, бе!) дека МВР, со официјален спот платен од Министерството за Денот на полицијата, е тука за да ги чува каурите… За да си немаме недоразбирања, да не мора и војводата Ч(а)улев (вториот голем полициски круг околу неговиот споменик со коњот, снимано од два различни ракурси) да припукува од кубурот!

Замислете ги реакциите во (етно-)македонската јавност некој во МВР да снимеше промотивен спот на кој патролните возила ќе вртеа во круг околу споменикот на Скендербег кај Стара чаршија, откако претходно ќе се свртеа и на кружниот тек околу оној метален двоглав орел во Топаана… Каурите, претпоставувам – со право – ќе полудеа! Партијата на Чулев непрекинато ќе држеше хистерични прес-конференции барем две-три недели. Море, до денот на изборите!

Оваа пригодна рекламна видео-минијатура е уште едно адекватно потсетување за тоа какво ќе си биде МВР, а и Македонија, ако се врати на власт ВМРО. Сосе онаа несреќна жолта „чадна“ бомба на полициската демонстрација што ги задуши гостите на прославата – на едни слични демонстрации, на времето, имаше и ранети новинари, ако памтите…

А уште таа бомба не отчади, кога вчера – пригодно, за време на Денот на полицијата – му го запалиле автомобилот на еден средно-висок полициски оперативен функционер во Скопје. Како и за палежите во Штип, и за овој подметнат пожар во Скопје добро упатени кругови се на мислење дека стојат одмазднички намери на скопското криминално подземје со развиени илегални интереси на пазарот на наркотици. Претпоставувам дека истрагата и за овој кривично-правен настан сè уште ќе биде „во тек“ и во наредните неколку години.

Тоа е обично така кога во полициската работа се вмешува криминалното политичко подземје. Додека полицајците приведуваат и казнуваат за неносење заштитни маски, крупните криминалци се чувствуваат доволно заштитени за време на полициски часови да палат „конкурентски“ возила, па и на полициски службеници. Зошто? Бидејќи полицајците, поединечно, се плашат од моќта на ова подземје, а знаат дека никогаш нема да добијат институционална команда со нив темелно да расчистат. Како што некој ги манипулира испадите на „Војводите“ и „Комитите“ за политички потреби, така и крупните криминалци се користат (и се штитат) за политички интереси. Некому Арачиново и Грчец, некому Белизе и Будимпешта, топографијата е неважна за политички (и полициски) заштитената криминалната географија.

Сепак, не треба да се мисли дека само во Македонија е така. Популарноста на српската криминално-полициска серија „Јужни ветар“ е толку голема бидејќи се однесува, буквално, за половина Балкан + Италија. Антихероите од таа серија се хероите и за нашето полициско (и политичко) подземје. Само што е тоа одлична кинемаатографија, а ова е реален живот, каде запалените автомобили не се дел од филмска сценографија.

Како што и сценографијата на онаа вчерашна струшка литургија среде епидемија е дел од истата животна сторија овде: иако е контекстот поинаков, суштината и на непревземањето на полициски мерки да се спречи таа верска процесија е иста, политичка, бидејќи некој бескрајно неодговорен проценил дека поповите (како и криминалците) се над законот и над здравјето на нацијата.

Да немате сомневање, за жал, таквите неодговорности и некој невин ќе ги плати со живот.


Сите права се задржани.
Next Post

Борис Тадиќ: Вучиќ создава опасни поделби во општеството

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk