ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Се подготвува ребаланс на Буџетот, исплатите течат нормално

За платите на администрацијата останува на ставот дека треба да се намалат, но вели дека одлуката ја носи Владата како колективен орган.

May 8, 2020 19:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Министерството за финансии почна да се подготвува ребалансот на Буџетот за 2020 година. Министерката за финансии Нина Ангеловска во гостување на ТВ24 вели дека процесот е почнат и се чекало токму април за да имаат повеќе информации.

-Генерално во моментот е предизвик да се проба да се појде од што пореалиситични проекции или претпоставки. При прекројувањето ги земаме предвид сегашните проекции што ги имаме направено, рече министерката.

За буџетот посочи дека е ликвиден за да ги извршува своите обврски и дека се тече нормално. Исплатени се субвенциите, повратот на ДДВ кој е 26 проценти  повисок во однос на април лани, се исплаќаат плати, пензии, социјални помош.

-Сѐ тече нормално. Субвенциите на земјоделците ги исплативме, конкретно за тутунарите ги исплативме  пред извесно време. Понатаму, повратот на ДДВ ако го погледнеме, 26 проценти е поголем споредено со минатогодишниот април. Значи ние вршиме и редовен поврат, затоа што тоа е важна ликвидна инјекција за стопанството, во овој случај даваме предност при поврат на ДДВ на погодените сектори и индустрии. Плати, пензии, социјална  помош, сите законски трансфери и исплати нормално течат. Добивме и една ликвидносна поддршка, да речеме во прав момент, заем од ММФ од 176 милиони евра.

Имајќи предвид дека бевме конзервативни во планирање на ликвидносните потреби во април, сега сме во една ситуација каде ги сервисираме сите обврски, ги следиме сите потреби, но во исто време направивме значајно кратење на расходната страна. Пример ако ги погледнеме реализацијата на стоки и услуги, во месец април се помали за 36 проценти во споредба со април 2019. Тоа покажува дека одлуките на Владата да се стопира раст на непродуктивни расходи даваат резултат, истакна министерката.

За донесениот Буџет за годинава оцени дека не е направен преамбициозно. -Беше реално скроен, рече Ангеловска.

За буџетскиот дефицит ќе зависи од тоа колку ќе биде падот на приходната страна, но оцени дека имаме капацитет за брзо да се вратиме на патеката на раст и дека имаме капацитет да го враќаме дефицитот.

Капиталните инвестиции, посочи дека се нешто што треба да се турка побрзо да се реализираат за да го амортизираат ударот.

За платите на администрацијата останува на ставот дека треба да се намалат, но вели дека одлуката ја носи Владата како колективен орган.

Како аргументи кон ставот дека треба да се скрати платата на администрацијата е неодењето на работа, намалени трошоци поради неодење на работа, намалена продуктивност, солидарност, криза.

Потенцира дека во моментов не се размислува на промена на некои даноци./МИА/

Next Post

Михаела од Скопје донираше ковалесцентна плазма за третман на заболени од Ковид-19

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk