ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Коалицијата „Можеме“ за избори на 14 јуни, се чека ставот на другите партии

На лидерската средба Заев очекува да биде постигнат консензус и да биде дефиниран датум за одржување на изборите согласно препораките од Комисијата за заразни болести и да се говори за начинот на водење на кампањата.

May 11, 2020 08:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Да се искористи олабавувањето на коронавирусот и стабилизацијата на пандемијата и да се оди на избори во средината на јуни, е ставот на претседателите на партиите од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ што се изгради на вчерашниот состанок во седиштето на партијата. Ставот ќе биде претставен на лидерската средба што ќе се одржи утре кај претседателот Стево Пендаровски.

Според лидерот на СДСМ Зоран Заев би било неодговорно да се загрозува здравјето на граѓаните и да се оди на избори на есен кога се очекува новиот пик на заразата. Тој смета дека треба да се искористи ситуацијата кога пикот на коронавирусот е поминат и кога интензитетот се намалува за да се одржат изборите затоа што во такви услови нема ризик по здравјето на граѓаните.

 

Тоа би и дало можност на државата подобро да се подготви за новиот бран со избрана политичка влада и Собрание и функционални институции за економски подобро да се справи со последиците. Доколку се повтори кризата, Заев вели, ќе останеме надвор од какви било уставни можности.

На лидерската средба Заев очекува да биде постигнат консензус и да биде дефиниран датум за одржување на изборите согласно препораките од Комисијата за заразни болести и да се говори за начинот на водење на кампањата.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, се уште смета дека во моментот изборите не се прв приоритет. Претседателот на партијата Христијан Мицкоски изјави дека се за одржување избори ова лето, но за избори кои нема да го загрозат животот на граѓаните. Прв и основен приоритет за ВМРО-ДПМНЕ, вели, е здравјето на граѓаните, а дури потоа може да се дискутира за какви било датуми што ќе овозможат фер и демократско презентирање на политичката платформа.

– За да видиме кога ќе се одржат избори сакам да ги слушнам здравствените власти и по тоа да се водам, а исто така и претседателот на ДИК колку време се потребни за подготовки на предвремените парламентарни избори, рече Мицкоски.

Смета дека според правните норми, по завршување на вонредната состојба потребни се 60-тина дена за да се организираат изборите.

 

– Сценарио од аспект на тоа како понатаму ќе се одвиваат изборните дејства треба да каже ДИК. Практично колку време им е потребно за да го спроведат овој фер и кредибилен изборен процес. На овие избори и покрај тоа што граѓаните ќе бираат, а политичките партии ќе ја бараат поддршката на граѓаните, неопходно е да имаме кредибилно присуство на меѓународни набљудувачи на ОБСЕ и ОДИХР. Границите на ЕУ остануваат затворени до 14 јуни. Понатаму, СЗО за три месеци го продолжи рокот за од кога ја прогласи пандемијата. Така што има многу фактори што треба да се анализираат пред да ја донесеме конечната одлука, смета Мицкоски.

Тој се надева дека за датумот на изборите ќе се постигне консензус со останатите политички партии.

Ставот на ДУИ, пак, што деновиве го соопшти вицепремиерот Бујар Османи е дека треба да се исполнат два услова за одржување на избори – да не се загрози здравјето на граѓаните и да има набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР.

– Тоа значи дека доколку овие два услови се исполнуваат, ако Комисијата каже дека нема ризик за здравјето на луѓето да гласаат да се организираат, и набљудувачите да констатираат дека можат да дојдат да ги следат изборите, ние сме на став дека изборите можат кога било да се одржат, рече Османи.

Исходот од лидерската средба за изборите го чека Државната изборна комисија, иако некои нејзини членови излегоа со спротивни ставови околку изборната процедура.

 

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски, смета дека изборниот процес треба да се организира од почеток, со повторно распишување на изборите, за да не може никој да го оспори нивниот легитимитет.

Членот на ДИК Борис Кондарко, пак, вели дека изборните рокови треба да продолжат таму каде што биле прекинати поради прогласената вонредна состојба заради пандемијата од Ковид-19.

Ист став застапуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и поранешниот претседател на ДИК Александар Новаковски, според кои, веднаш по прекинувањето на вонредната состојба, треба да продолжат активностите за организација на изборите таму каде што застанале, а партиските лидери, по препораката на здравствените власти, да го договорат терминот за нивно одржување.

На лидерската средба кај шефот на државата што ќе се одржи утре поканети се лидерите на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, на ДУИ, на ДПА, на БЕСА и на Алијансата на Албанците, а покана добил и претседателот на Собранието Талат Џафери.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: МИА

Намален бројот на лица во самоизолација, 29 лица не ја почитувале забраната за движење

НАЈНОВО

Славески: Од утре плаќањата во евра стануваат поевтини и побрзи

October 6, 2025

„КРУГОВИ“ – Концерт на пијанистката Дуња Иванова

October 6, 2025

Солистички концерт на пијанистот Арда Мустафаоглу во КИЦ

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk