ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ден на велосипедите: Сѐ уште најмудра опција за превоз

Во изминатите 2 години Град Скопје ја интензивираше изградбата на нова и реконструкцијата на постојната велосипедска инфраструктура што резултираше со годишен просек од околу 14 километри новоизградени и реконструирани велосипедски патеки и велосипедски ленти.

June 3, 2020 16:26
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Светскиот ден на велосипедистите оваа година Град Скопје го дочека справувајќи се со предизвиците на светската пандемија на коронавирусот која го наметна велосипедот како најбезбедно превозно средство од аспект на превентивната заштита од Ковид-19.

Во тек е јавниот повик за субвенционирање за купување на велосипед за жителите на Скопје кој градот ко распишува веќе неколку години по ред. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице. Годинава интересот за набавка на велосипеди е драстично зголемен, особено по појавата на епидемијата на коронавирусот, за што говори и фактот дека само во првиот ден од објавувањето на јавниот повик поднесени се 696 барања од
граѓаните за субвенции за купен велосипед.

Зголемениот интерес и почитувањето на физичката дистанца меѓу граѓаните коишто аплицираа резултираше со формирање редица подолга од 200 метри околу седиштето на Град Скопје. До крајот на денешниов ден поднесени се вкупно 2.173 барања од граѓаните за
субвенции за купен велосипед и 191 барање за купен тротинет. Ги охрабруваме граѓаните кои имаат интерес да поднесат барање за субвенции да го сторат тоа и во текот на утрешниот ден.

Во изминатите 2 години Град Скопје ја интензивираше изградбата на нова и реконструкцијата на постојната велосипедска инфраструктура што резултираше со годишен просек од околу 14 километри новоизградени и реконструирани велосипедски патеки и велосипедски ленти.

Град Скопје го следи примерот на повеќе светски метрополи кои како одговор на епидемијата работат на мотивирање на граѓаните повеќе да користат пешачење и велосипед како поздрави форми на мобилност во однос на автомобилскиот и јавниот превоз. Во моментов се работи на изградба на велосипедски ленти на коловоз на улиците Св. Кирил и Методиј и 4-ти Јули, а велосипедски патеки се градат на булеварите
АСНОМ и Киро Глигоров и на улицата Благоја Стефковски.

Новата велосипедска лента на улицата Св. Кирил и Методиј е со ширина од 1,5 метри, а е добиена со стеснување на постојните три коловозни ленти од 3,5 на 3 метри. На тој начин се добива побезбеден сообраќај преку смирување на автомобилскиот сообраќај, бидејќи ширината на сообраќајните ленти од 3 метри е идеална ширина за брзина на движење од 50 км/час колкаво што, впрочем,е законското ограничување на максималната брзина на движење на автомобилски сообраќај на градските улици.
До крајот на годинава се очекува да биде изградена нова велосипедска инфраструктура на булеварот Александар Македонски и на улиците Васко Карангелески, Франклин Рузвелт и Никола Парапунов.

Покрај брзата изградба на нови велосипедски патеки и велосипедски ленти на коловоз, во насока на превентивна заштита од коронавирусот, а со цел ослободување на повеќе простор за велосипедски и пешачки сообраќај како најбезбедни од тој аспект, Град Скопје го започна отстранувањето на 240 рекламни објекти (билборди и ситилајти) кои во минатото биле поставени на јавни површини кои го ограничуваат просторот за движење на велосипедистите и пешаците. Најголем дел од овие рекламни објекти биле поставени на јавни површини во централното градско подрачје, а дел од нив биле поставувани и на велосипедски патеки, спротивно на сообраќајните прописи.

Покрај овие рекламни објекти за кои постои договор помеѓу Град Скопје за приватните концесионери, предвидено е и интензивно отстранување на нелегално поставени рекламни објекти на јавните површини на повеќе локации во градот. Во претстојниот период Град Скопје ќе ги продолжи интензивните активности во насока на развивање нова и унапредување на постојната велосипедска инфраструктура нудејќи практични сообраќајни решенија кои ги мотивираат граѓаните уште помасовно да го користат велосипедот како превозно средство во насока на постигнување одржлива урбана мобилност на долг рок, стои во информативното соопштение од град Скопје по повод Светскиот ден на велосипедите.

 

А. Н. С.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Со европски средства, во Штип ќе се реставрира црквата „Свети Власиј“ од 14-ти век

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Филипче од Карпош: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

October 6, 2025
Фото: Шанса за Центар

Ивановска: Обнова на СРЦ Кале – спортот не смее да биде луксуз

October 6, 2025
фото: Кабинет на претседателката

Сиљановска Давкова – Бегај во Драч: Земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слушнавме експлозија, земјата се стресе, мислевме дека е земјотрес, сведочат жители за водоводниот дефект во Влае

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заев кон Мицкоски: Со небулози, клевети и навреди сака да се оправда за катастрофата која ѝ ја нанесува на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk