ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Помирување? Со кого?

За да дојдат до власт и пари, тие ќе се гушкаат и со тие за кои најрадо би изградиле гасни комори. Тоа се луѓе со ниски морални квалитети, без оглед дали се (или не се) прекрасни луѓе во своите приватни кругови. Со своите постапки во политиката и јавноста, тие се одговорни за загорчување, па и уништување на безброј животи.

October 27, 2019 15:27
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Тие што се намерно или ненамерно неписмени и што ги држат своите очи цврсто затворени пред реалноста, можат да си заштедат време и нерви и да не го читаат овој текст. Се разбира, на ова потсетувам постојано. Нека не си ја мачат душичката ситна оние што решиле да бидат послушни, дресирани црви во лименката на криминалците.

Сакам да споделам, на почетокот, дека се трудам, и во приватниот живот, во секојдневието, да бидам пристоен и да не користам груби и навредливи изрази. За јавноста и да не говориме.

Деновиве прочитав една јавна „реплика“ на повикот за национално обединување што го упати Претседателот (конечно да ја споменам таа државна функција без кочници и квалификации што се однесуваат на растителниот свет), што ја напишала една госпоЖа од Фамилијата. Таа му „реплицира“ на Претседателот дека нема обединување додека не се врати името и слични бладања. Ја прочитав оваа „херојска“ и „патриотска“ објава на на еден од вемеровските пАртали (овој назив го позајмив од моја ФБ пријателка), еден од оние што одработуваат за туѓи, антимакедонски интереси, а нас нѐ нарекуваат „предавници“.

Тогаш, како што најавив и на една од моите објави на социјалните мрежи неодамна, моите мисли ги напуштија манирите, па во себе ја нареков со непријатни и навредливи изрази кои може да се поврзат со атрибутите за лоша и непријатна миризба, а секако со изрази што се поврзани со моралното распаѓање. Се разбира, јас сум политички коректен и кога сум на само со моите мисли, па така не опфатив некои професии, ориентации, семејство или делови од човечката морфологија кои често се употребуваат во кафеана за да се изрази омразата или несогласувањето. Тоа би било негување предрасуди на кои искрено и непомирливо им се спротивставувам секогаш и секаде.

Оваа кратка епизода беше уште еден поттик да ги продолжам размислувањата за политичкото помирување во оваа толку мала, а толку поделена и, да го употребам изразот на кукавицата од Будимпешта – испарцелизирана. Дали има шанси за такво нешто? Со кого треба да се помируваме и зошто? Со кого треба и може да се помириме? Како?

Нема помирување и обединување со криминалци и насилници. За нив, како и за сите обични смртници човековата цивилизација создала правда и закон. Се разбира, тие се дел од општеството, но токму како такви, не смееме да дозволиме да бидат повластени и наградени за криминалот и насилството. Треба да одговараат, а потоа да видиме како ќе се помируваме. Логично, не?

За да дојдат до власт и пари, тие ќе се гушкаат и со тие за кои најрадо би изградиле гасни комори. Тоа се луѓе со ниски морални квалитети, без оглед дали се (или не се) прекрасни луѓе во своите приватни кругови. Со своите постапки во политиката и јавноста, тие се одговорни за загорчување, па и уништување на безброј животи.

Со нив е можно помирување, само откако ќе одговараат за своите постапки. Не амнестија, туку одговорност. Амнестијата и помирувањето не значат исто и немаат исти ефекти. Амнестијата може да биде дел од помирувањето, но само откако ќе се добијат гаранции дека злоделата нема да се повторат. А нивното повторување и спремноста да се направат уште поголеми злодела е повеќе од очигледна. Со нив, помирување нема!

И да, одличен е слоганот на протестот „Земјоделците нема да ви простат“ на „земјоделците“ што го водеа функционери, разни Пепици и други старлети, партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ вгнездени во администрацијата. Навистина, земјоделците не треба да им простат. И ние нема да им простиме. Барем јас – НЕ.

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.
Next Post
Мајка и татко функционери, таа “сиромашна земјоделка“

Импресии од „земјоделскиот“ протест: Госпоѓица од Неготино, тазе вратена од Бали, со Барбери кошула

НАЈНОВО

Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

October 24, 2025

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk