Првиот соло настап на младиот пијанист Милан Дучевски во пиjано центарот при Националната опера и балет вечер, со почеток во 20 часот, ќе се емитува на Фејсбук страницата и на YouTube каналот на приватното училиште Пијано Арт.
На програмата се дела од Бах, Бетовен, Лист, Шопен, Зографски, Рахмањинов…
Милан Дучевски е роден на 15.08.2005 во Скопје. Своето музичко образование го почнува во Пијано Форте, по што продолжува во приватното музичко училиште Пијано Арт во Скопје, во класата на професор Маја Стојановиќ.
Тој има учествувано на повеќе национални и меѓународни натпревари и семинари на кои има освоено високи награди. Минатата година, на покана на професор Ана Велиновска, Милан учествуваше на Меѓународната летна школа во Лилиенфелд, Австрија, каде доби многубројни пофалби за неговата музичка изведба. Милан ќе го продолжи своето музичко образование во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ со цел да ја оствари својата животна желба да стане професионален пијано изведувач.
Настапот на Дучевски ќе може да се следи на овие линкови: Фејсбук и Јутјуб