Денеска во Скопје пристигнува Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, соопшти Министерството за надворешни работи.
Американскиот висок дипломат ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров, ќе разговараат за билатералните односи меѓу земјава и Соединетите Американски Држави и поддршката од САД за евро-атлантските интеграции.
Тема на оваа средба ке бидат и состојбите во регионот, имајќи предвид дека Палмер е именуван и претставник на САД во преговорите меѓу Србија и Косово.
Освен Димитров, Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан ке иѓа средба и со вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.
А.З.