Во Предлог-преговарачката рамка што пред неколку дена ја усвои Европската комисија, одредницата што се користи за именување на јазикот е – македонски (Macedonian), без никакви дополнителни објаснувања или фусноти. Ова е чин на официјално признавање на македонскиот јазик на ниво на ЕУ и негова промоција во еден од официјалните јазици на Европската Унија во иднина.
Иако најголемиот број на високи функционери го поздравија овој важен чекор за нашата држава, од партијата ВМРО-ДПМНЕ сè уште нема никаква реакција за овој настан.
Премиерот Зоран Заев на вчерашната пресконференција јавно ги повика да се одважат и да го поздрават усвојувањето на предлог Преговарачката рамка, да ја поздрават и веста дека законодавството на Европската Унија ќе биде преведено и на нашиот македонски јазик.
Тимот на Фронтлајн уште вчера побара изјава од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, со барање за нивно толкување на овој важен чекор, меѓутоа, сè уште нема добиено одговор.
Во период на предизборни кампањи и ветувања, кога се потенцираат најважните случувања во државата, јавноста заслужува реакција за ваков голем настан, без разлика дали информациите кои ги содржи соодветствуваат со предизборната агенда на споменатата политичка партија.
И.Е.