ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Заев стави точка на дуелот

July 8, 2020 09:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

„Ништо вие не разбирате, господине Мицкоски. Точка“. Оваа реченица на лидерот на СДСМ можеби најдобро го опишува резултатот на вчерашниот дуел меѓу Заев и Мицкоски.

Од Мицкоски не слушнавме ништо ново. Освен избегнувањето одговори на клучните прашања за евроинтеграциите као Преспанскиот договор или договорот со Бугарија, наместо конкретна понуда до граѓаните, добивме неразбирливи ламенти и „научничко задскривање“ позади некакви математички прецизни формули за нашиот напредок.  А наместо оптимизам, насмевка, енергичност, визија,  повторно во фокус на настапот на намуртениот Мицкоски беше неговиот политички противник.

Заев, од друга страна, иако знае емотивно да се внесе во овие дуели, овојпат беше невообичаено мирен и сталожен. Иако кај двајцата лидери е забележлив заморот од интензивната кампања, кај Заев не недостатуваше одлучноста и енергичноста, која го карактеризира. Одговори аргументирано на сите напади на противникот. Не пропушти да поентира на прашањата за кои Мицкоски немаше став, но и да ги „протне“ во секој одговор решенијата и конкретната понуда на коалицијата што ја предводи, што јасно упатува дека фокусот на неговиот настап беше понудата, а не противникот.

Клучен хендикеп и во овој дуел за Мицкоски беше тоа што човекот, кој е поставен како „носител“ на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, објект на оцрнување во сите негови говори, а богами и во настапите на сите носители, во стотици објави, спотови, лажни вести…седи тука пред него. Лесно е да се плука пред маса одобрувачи, малку е потешко да оцрнуваш на национален медиум човек кој е пред тебе и може да ти одговори. Затоа, наученото верглање на „Зоран Заев“ во секоја втора реченица, мораше одвреме-навреме да се замени со нешто друго. И Мицкоски удри колку што можеше и умееше. „Трас-трас“ и други зајадливи шеги и изрази, закани со сусдки процеси, повторување на одамна демантирани манипулации…

Но, овој пат, таа стратегија за да се измести Заев во меѓусебно препукување не помина. Наместо кон Мицкоски, Заев одговорите на сите стотици пати повторувани напади ги искажуваше свртен кон камерата и публиката, давајќи до знаење дека токму тие, граѓаните, и нивниот став му се повеќе важни, од јаловите напади на политичкиот противник. И, во секоја прилика, не пропушти да ја исцрта јасно разликата меѓу двете политички опции.

Мицкоски уште еднаш покажа дека неговата борба е за да го симне Заев од власт, а не за да понуди нешто подобро на граѓаните. Со тоа само покажа дека е послаб од својот противник. А тој, овој пат ниту се изнервира, ниту возврати со навреди, дури и го испрати Мицкоски со убави и достојни подароци, а не со навредлив подарок како Луј Витон новчаник. Очигледно, има голема разлика. Како меѓу победник и губитник. Мицкоски можеби не разбрал, но ќе разбере, на 15 јули.

 


Сите права се задржани.
Next Post

Новиот француски министер за полиција под истрага за силување

Најново

Филипче: Следната недела СДСМ го промовира новиот закон за борба против корупцијата       

May 8, 2026
Фото: ВИ

​„МБАПЕ ОДИ СИ!“: 30 милиони навивачи бараат негово заминување од Реал Мадрид!

May 8, 2026
Анаис. Мотив, Кратово

Дневен хороскоп со Анаис за 8 мај 2026: Иновација, слобода и рушење на правилата

May 8, 2026

ХАОС ВО МАДРИД: Валверде во болница по тепачка со Чуамени – двајцата го пропуштаат „Ел Класико“

May 7, 2026
Фото: МИА

Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

May 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk