ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Историјата на легендарното лого за лондонскиот транспорт

July 13, 2020 16:35
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Еден од најпознатите симболи на Велика Британија е црвеното кружно лого за подземен  транспорт во Лондон, кој од своето прво појавување во 1908 година стана не само глобално препознатливо лого за трговски транспорт, туку и културна икона.

Дизајнот на кружното лого (која до 1972 година се нарекуваше окото на бикот) не му се припишува на ниту еден човек посебно, и неговиот спој нa апстракција, типографија и форма не симболизира ништо особено. Но, јасниот, незаборавен облик која ја прави железничката станица лесна за забележување, го задржа својот интегритет прилагодувајќи се на менувањетo на епохата и проширените намени со измени на бојата или типографијата, задржувајќи ја својата моќ како симбол за транзитниот систем во Лондон, a и на самиот град.

Д-р Дејвид Лоренс, историчар за дизајн, кој предава на универзитетот Кингстон, има напишано книга за историјата на кружното лого, “Лого за Лондон” (“A Logo for London”), што e објавена денес преку неговата издавачка куќа.

Книгата на Лоренс ги следи историјата и развојот на транспортното лого, илустрирајќи ги многуте негови варијации и употреби на постери, фотографии и други претходно необјавени графички материјали од архивите на Лондонскиот транспортен музеј и приватните колекции.

„Никогаш не постоела историја на еден од најмоќните и препознатливи симболи на денешно време“, вели Лоренс.

Подолу е даден избор на слики сo кои Лоренс избира да ја илустрира еволуцијата на она што стана еден од најшироко имитираните и високо ефективни симболи на корпоративно брендирање некогаш дизајнирано.

Можеби британскиот администратор за транспорт, Франк Пик, кој во голема мерка е одговорен за употреба на дизајн за градење на корпоративниот идентитет на лондонското метро во првата половина на 20 век, вели најдобро: „Дизајнот не е режим што влегува овде и таму и може да биде испуштен на друго место. Дизајнот мора да влезе насекаде “.

Тркалото со крила дизајнирано во 1905 година е ран претходник на сега исконското лого. Оваа ознака се носела на капа која била дел од униформите на вработените во лондонската автобуска компанија Џенерал Омнибус (General Omnibus)  од 1910-14 година.

Верзија на оригиналниот подземен симбол во форма на диск со правоаголник по средината, дизајн од 1908 година, преработен во 1955 година од страна на поранешниот подземен офицер В.Х. Хилтон, ја открива апстрактната природа на основата на симболот.

Метро станици како лондонската „Ковент Гарден“ ја користат оваа форма на диск со правоаголник по средината со шема на црвена и сина боја во потпис во 1908 година.

Едвард Џонстон ги менува пропорциите на сите делови на симболот, вклучително и прецртување на буквите со подебели линии, фракционо зголемување на големината на правоаголникот и проширување на белиот простор во центарот на логото. Целосно формираниот симбол “Underground” на Џонстон е роден во 1919 година. Овој симбол за превоз на патници во Лондон (LPTB) е од 1933 година.

Лондонскиот тролејбус – електрично возило напојувано од надземни кабли – започнува со работа во југозападен Лондон наместо трамваи во мај 1931 година. Ова лого покажува како се развило семејство од корпоративни симболи од оригиналниот дизајн.

Под влијание на експериментални уметници и дизајнери, вклучувајќи ги и Ман Реј и Ханс Шлегер, симболот беше претворен во универзален графички поим за транспорт во Лондон. Кругот со правоаголник по средината е претставен во три димензии како планета од Ман Реј во овој постер од 1938 година.

Германскиот дизајнер Ханс Шлегер повторно го замислил биковото око на Едвард Џонстон додека создавал системска колекција на логоа за автобуски станици во 1935 година. Оваа смела, иновативна црвена, црна и бела графика од 1936 година влијаела на развојот на модерната уметност со својата резервна, апстрактна природа и продолжила да влијае на естетиката на лондонскиот транспорт до денес.


Во раните 50-ти години на минатиот век, корпоративниот симбол е конечно рационализиран и одземени се неговите предвоени детали, како што е прикажано на оваа мапа за железнички пруги од 1954 година.


Сегашната шема на црвено-сини бои на Underground логото во Северен Гринич е најпрепознатливата и широко распространета верзија на логото, која се користи како поп-културен симбол од страна на ноќните клубови, модните куќи и движењето „Окупирај го Лондон“.

Лондонскиот транспорт има објавено прирачник за стандарди за корпоративен дизајн, за да се осигура дека се користат точни бои и типографија во секоја инкарнација на логото во целиот транспортен систем и пошироко. Организацијата неодамна започна да бара корпоративни спонзори за нејзината проширена транспортна мрежа, што резултира со овој знак на авиокомпанија на Емирати од јуни 2012 година.

И. Ежова

Next Post

Група милионери бараат „трајно и веднаш“ да им се зголемат даноците поради корона-кризата

Shortcut

Најново

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk