Синот на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој го носи името на татка си, најави книга чие печатење сам го финансира, а која е против опонентот на Трамп во изборната трка, демократскиот кандидат за претседател, Џо Бајден.
Се чини дека Доналд Трамп Џуниор заборавил едно од најважните правила кога е во прашање употребата на апостроф во англискиот јазик – доколку именката е со множинска форма и завршува на -s, апострофот се става по последната буква.
Книгата со наслов „Liberal Privilege – Joe Biden and the Democrat’s Defense of the Indefensible“ е најавена да излезе во август.
Во насловот на книгата, апострофот треба да е за едно место надесно, освен ако Трамп Помладиот не мисли на еден демократ, а не на Демократите.
Авторот на книгата на твитер напишал дека работел на содржината додека бил во карантин изминатите месеци и дека „е зачуден од тоа од колку работи Бајден се извлекол“.
А. Н. С.