„ВМРО-ДПМНЕ доби црвен картон на овие избори, беа поразени Груевски и Мицкоски, односно претседателот на опозицијата бегаше од избори уште од самиот почеток и затоа е овој пораз на изборите“, изјави Андреј Жерновски за емисијата „Само вистина“.
За него, секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ изгуби на изборите, според нив секогаш следува криза, освен ако пак не планираат да се случи некаков 27-ми април.
„Вие сте персонификација на владеењето на Груевски. Граѓаните кога ве гледаат вас го гледаат Груевски“, му се обрати Жерновски на членот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.