ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

September 20, 2020 10:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на Европската Унија, смета германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн.

Германската амбасадорка денеска во интервју за Радио Слободна Европа, кое го пренесува МИА, дава коментар на бугарскиот меморандум испратен до земјите-членки на ЕУ, при што напоменува дека Бугарија ги има кажано овие барања на другите земји-членки на почетокот на август.

-Ние и според моите сознанија сите други-земји членки се на мислење дека билатерални проблеми не треба да се ставаат во преговарачката рамка и дека билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално. Бугарија секогаш беше голем поддржувач на европското придвижување на регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира процесот за проширување на Европската унија во овој регион, вели Холштајн.

Во врска со тоа дали се реални очекувањата земјава да ги почне преговорите за членство со ЕУ за време на германското претседавање, Холштајн нагласува дека во делот на политиката за проширување одржувањето на првата меѓувладина конференција, односно официјалниот старт на разговорите за проширување со Северна Македонија е „нашата голема цел која е заедничка цел и на Германија и на Северна Македонија“.

-Треба во рамките на ЕУ да се договориме во однос на преговарачката рамка за која моментално се дискутира во Брисел, кога ќе се постигне договор за тоа, може да дадеме и датум за првата меѓувладина конференција и се надеваме дека тоа ќе се случи во декември, додава германската амбасадорка.

Во однос на преговарачката рамка вели дека таа сега е поцелисходна, дозволува или бара посилно политичко водство преку меѓувладина конференција.

-Поглавјата се отвораат на блокови, досегашните основни критериуми се зајакнуваат, многу клучни изрази во оваа методологија се предвидливи, веродостоен, предвидлив, динамичен, силно политичко управување, тоа сè се идеи и замисли кои се од корист и земјите членки можат да учествуваат на мониторингот и на известувањето за пристапниот процес, економското владеење се зајакнува и, сосема ново, има можности за мерки за казнена политика ако не се спроведуваат реформите, но има и позитивни стимули со забрзана интеграција во еу политиките и програми како и појака финансиска поддршка. Тоа мислам дека не се потешки, туку појасни услови и останува најважната основа при процесот на пристапување – секоја земја со темпото на реформи го одредува процесот на пристапување, истакнува амбасадорката на земјата претседавач со ЕУ.

Во наредниот период, вели таа во интервјуто, земјава треба да се фокусира на правна држава, борба против корупцијата, вклучувајќи ги реформите во правосудството, брзо да се однесе законот за забрана од дискриминација и Изборниот законик да се прилагоди соодветно на препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

-Основно за многу области во општествениот живот е пописот кој е планиран за април и Северна Македонија треба да почне да се позиционира за економските предизвици во внатрешната економија, но тоа сè се рефлектира во Владината програма, истакнува  Холштајн.

Вели конструктивна соработка со опозицијата е во интерес на иднината на државата, а тоа особено важи за европската политика, а за протестите на опозицијата, непосредно по завршувањето на изборите нагласува дека правото на слободно изразување на мислење, на собир и демонстрации секако дека е основно човеково право на секој граѓанин и граѓанка. Но смета дека да се игра на националистичка карта не носи ништо добро и не е од никаква помош.

Билатералните односи со Северна Македонија ги оценува како извонредни и напоменува дека во во земјава има отприлика 200 германски компании, кои создадоа 20 000 работни места.

-Најголем германски работодавач во земјава е Дрекслермајер во Кавадарци која ја посетив пред неколку дена. Фабриката со нивната работа во Северна Македонија е многу задоволна, и од општината и државата ја добива сета потребна поддршка. Такви успешни примери сè се разбира најдобра реклама за една земја и добри глас на далеку се слуша кога системот добро функционира за една фирма, нагласи германската амбасадорка Холштај во интервјуто за Радио Слободна Европа, кое го пренесува МИА.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk