ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев-Закоњшек: Вложуваме во квалитетен, ефикасен и економичен транспортен систем интегриран во регионот и ЕУ

September 22, 2020 14:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Заев, денеска се сретна со директорот на Секретаријатот на Транспортната заедница на Југоисточна Европа, Матеј Закоњшек.

На средбата, на која присуствуваше и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски,  беа  изразени честитки за изборот на новата Влада, како и за новата енергија во приодот кон унапредување на транспортните прашања.

Премиерот Заев ја истакна посветеноста на Владата на европската агенда, при што посочи дека владините политики продолжуваат да се развиваат кон поголема регионална и европска интеграција, во таа насока и преку подобро и побрзо поврзување во регионот и со ЕУ.

Соговорниците констатираа дека вложувањето во квалитетен, ефикасен и економичен транспортен систем е од исклучително значење за развој на стопанството и за повисок квалитет на животот на граѓаните.

Како приоритет особено беше посочена потребата од инвестирањето во патната инфраструктура, пред сè во безбедноста на патиштата, унапредувањето на железничкиот сообраќај, особено во доизградба на пругата кон Бугарија, како и на потребата за олеснување на граничните формалности, при што како позитивен пример беше посочен интегрираниот граничен премин „Табановце“, меѓу нашата земја и Србија.

Соговорниците ја нагласија потребата од ефикасна вмреженост на транспортните системи со регионот и со Европската Унија.

Директорот Закоњшек на средбата ја изрази подготвеноста на Транспортната заедница за поддршка на Република Северна Македонија во спроведувањето на конкретни проекти, надминување на одредени прашања, како и при усвојувањето на европската легислатива и стандарди во областа на транспортот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Над 80 сандаци со нацистички материјали пронајдени во подрумот на највисокиот аргентински суд

May 12, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Новиот папа повика на ослободување на новинарите кои моментално се во затвори низ целиот свет

May 12, 2025

САД и Кина постигнаа договор за намалување на царините за 115%

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk