ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Лесно е да си ситничава опозиција во време на криза

October 19, 2020 08:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

„Заев е мафијаш, криминалец, предавник, злотвор, со крвави раце, убиец, терорист, крадец, неспособен, будала, провинцијалец, женомрзец, мажомрзец, детомрзец, уште предавник и уште криминалец, неспособен на куб и на квадрат, режим, угнетувач, одроден, нарко-бос со марихуана, коронаш, комуњара, хунта, продадена душа, купена душа, бездушник, кукавица, шверцер, лажго, хохштаплер, гробар, злосторник, национална катастрофа, катаклизма, пропаст, крај на светот, апокалипса, црна дупка – и барам итна лидерска средба кај предавникот и неспособен Пендаровски за да разговараме со Заев за тоа како треба неговата влада да ги води сите политики во државава! Еве, ние ѝ подаваме рака на власта, да не кажете после дека само критикуваме!“

Ова е, отприлика и без многу претерување, идејата на Мицкоски за тоа како треба да изгледа јавниот политички говор во Македонија со кој треба да се создаде доверба за конструктивен разговор меѓу лидерите и да се промовира соработка на натпартиско ниво за решавање на прашања од национален интерес.

Тоа е како да му заѕвоните на г. Мицкоски дома и, кога ќе ви отвори, да му истурите една кофа со измет од говеда врз глава, со ’ркање да го плукнете в чело, да му се исекнете на влезот, а потоа да му понудите суво палома марамче за да се забрише и да му кажете дека сте дојдени да му дадете совет за внатрешен дизајн на неговиот дом, сосе избор на тапети за во дневна, корнизи за завесите и плочки за во купатило. И уште еднаш да го плукнете в чело, за да нема сомневање во вашите добри намери.

Нормално дека никој нормален лидер нема да сака да се види под ненормални услови со г. Мицкоски. Светот се наоѓа во најголемата општествена криза по Втората светска војна, крајот уште не ѝ се гледа, политиката во иднина ќе се дели на ПРЕД и ПО ковид-пандемијата. Во такви околности, г. Мицкоски се однесува како сопственик на мала фирма за погребални услуги кој, со ужалена фаца застанат на паркингот пред Инфективна клиника, кога никој не го гледа, трие раце заради можноста за добар бизнис со пластичните венци… Или како раздраган подалечен роднина кој нестрпливо се надева дека ќе има нешто и за него во тестаментот ако наскоро почине вујкото од тетка… Како вмровските пратеници во Собранието кои се толку загрижени за состојбите со епидемијата во земјава, што никако не сакаат да работат онлајн, не би ли го упокоиле „вујкото од тетка“ што побрзо, па да поминат на бизнисот со пластичните венци и со отворањето на тестаментот…

А дури и да се одржи, таквата лидерска средба ќе биде неуспешна и само ќе ја вознемири јавноста уште повеќе и ќе се сведе на драмолетката со изјавите за медиумите по настанот, кога Мицкоски, со познатата поза на по малку еготистичен и циничен експерт за сите прашања, ќе повтори половина од регистерот на горните квалификации за Заев и ќе заклучи дека, не дојде ли тој на власт, со Македонија е готово, амен!

Затоа, можеби е попаметно, за да не се арчи многу политички мастраф и кисела вода, наместо лидерска средба, да му се овозможи на г. Мицкоски да одржи прес-конференција од дворчето на претседателската вила на Водно? Ќе изгледа сериозно, претседателски, ќе може да се лајка и да се шерува од тука до Индија и, општо земено, ќе му заврши работа за тој ден.

Штета е што сегашната македонска опозиција не може да се консолидира на начин што би ѝ го подигнал авторитетот во јавноста за да биде кредибилен критичар, но и соработник со власта во овие тешки времиња, кога навистина е потребна позитивна мобилизација на јавноста. Во големи кризи, отсекогаш било полесно да си во опозиција наместо на власт, ама не мора тоа баш секојдневно, наметливо да ни се демонстрира со ситничавото однесување на нашиот „подалечен роднина на вујкото од тетка“.

 


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Гугл ќе плати 1,4 милијарди долари поради нарушување на приватноста во Тексас

May 10, 2025
Фото: president.gov.ua

Европските лидери во Кијив повикаа на 30-дневен прекин на огнот, Русија поставува услови

May 10, 2025

Филипче најави средба со Таравари, вели дека како колеги имале добра соработка

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk