ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Средба Пендаровски-Мас: Силна поддршка од германска страна за отворање на преговори за членство

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, кои беа оценети како пријателски односи исполнети со доверба и взаемно почитување, соопшти Кабинетот на претседателот.

November 13, 2019 19:56
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас, кој престојува во работна посета на Република Северна Македонија, пренесе МИА.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, кои беа оценети како пријателски односи исполнети со доверба и взаемно почитување, соопшти Кабинетот на претседателот.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија високо ја цени поддршката од Германија за нејзините аспирации за членство во Европската унија и во НАТО. Во тој контекст, Пендаровски го истакна значењето на комплетирањето на процедурата за ратификација на протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО од страна на Германија.

Пендаровски на министерот Мас му се заблагодари за силната поддршка од германска страна за отворање на пристапни преговори за членство на Северна Македонија во Европската унија, за искажаната солидарност со државата по последниот Европски совет, како и за фактот што Германија го држи прашањето за проширувањето во фокусот на агендата на ЕУ.

На средбата претседателот Пендаровски истакна дека и покрај отсуството на одлука, на последниот Европски Совет, за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со Унијата, европската интеграција останува наша стратешка цел. Претседателот изрази очекување дека наскоро ќе се дефинира новата методологија за водење на пристапните преговори и ќе биде донесена одлука за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија. За нашата држава, истакна претседателот Пендаровски на средбата, не постои друга одржлива алтернатива, освен полноправното членство во ЕУ.

Next Post

Малолетници се тепале во автобус на ЈСП

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk