ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Паметна инвалидска количка која се управува со окото – проект на младите херои Мартин, Давид и Благојче

November 14, 2020 20:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

From Zero To Hero (Од нула до херои) – вака гласи името на тимот кој сè почесто се среќава во медиумите, а од кој дел се студентите Мартин Динев, Давид Лазароски и средношколецот Благојче Павлески. Освен тимот, нив тројца ги спојува и заедничката желба да им помогнат на другите луѓе.

Плод на нивната соработка и вложен труд е проектот за паметна инвалидска количка, која значително би им го олеснила животот на лицата со физичка попреченост, како и на семејствата со кои живеат овие лица.

Во разговор за „Мета.мк“, Мартин Динев ја раскажува нивната приказна и ги објаснува идејата и начинот на функционирање на технологијата позади паметната инвалидска количка.

Тој вели дека претходник на создавањето на тимот „From Zero To Hero“ било формирањето на нивното пријателство, кое се случило на еден од настаните кои често ги посетувале. Младинскиот предизвик Generation Unlimited, чија цел била дигитална инклузија на сите членови во општеството, бил првиот настан каде тие постигнале заеднички резултати.

На една од работилниците за истражување на можните начини за постигнување на дигитална инклузија, кои биле организирани од „SmartUp“, се родила и нивната идеја за проектот. Заедно со своите ментори, тие ја развивале идејата и работеле на остварување на истата.

„Во склоп на предизвикот на секој тим му беше доделен ментор за консултации и водење во развивањето на идејата и разбирање на проблемот на дигитална инклузија. Би сакале да ја поздравиме Марија Велиновска, која активно се залагаше и нè водеше во преземање на правилните чекори при истражувањата. Со сета таа соработка имавме голема слобода во изборот на идеја која ќе го решава проблемот на предизвикот. Резултатите на истражувањата нè мотивираа да продолжиме со идејата за развивање на паметната инвалидска количка“, вели Динев.

Паметната инвалидска количка е замислена да биде помагало кое ќе може да се контролира само преку следење на движењето на окото. Предвидено е таа да може да се  управува со помош на погледот, односно лицето со попреченост да може да се движи управувајќи ја количката преку камера која постојано го следи и го снима движењето на неговото око. Камерата соодветно би сигнализирала на која страна гледа лицето и соодветно би давала наредби до количката да се движи.

Извор: МЕТА 

Next Post

Полицијата во Битола приведе дилер и заплени екстази, амфетамин и марихуана

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk