Германскиот автомобилски гигант објави дека го суспендира развојот на нови генерации мотори со внатрешно согорување и дека целосно ќе се посвети на електричните погони.
Веста за оваа трансформација ја објави Маркус Шафер, шеф за развој на Дајмлер за германскиот магазин Auto Motor und Sport изјави дека електричните погони и батериите ќе бидат во фокусот на Дајмлер. Средствата наменети за инвестиции во развој на мотори со внатрешно согорување ќе бидат пренасочени кон другите оддели.
Точната сума на инвестиција е непозната, но Шафер забележува дека буџетот за одделот за истражување и развој на електрични возила е на „високо ниво“.
Преведено, неодамна лансираната генерација на шест-цилиндрични регулатори што се наоѓаат во бројни теренски (SUV) моделите, како и во Е и С класите е веројатно и последната која ја произведе Дајмлер. Класичните мотори веројатно ќе бидат задржани уште некое време во форма на хибриди, додека во стопанството, дизел моторите сѐ уште се речиси единствениот избор.
Елон Маск (Тесла) упати честитки за оваа одлука на Мерцедес.
Electric is the future! Congratulations Daimler!! https://t.co/Zg2VSj4tjO
— Elon Musk (@elonmusk) September 19, 2019