Таимане Гарднер (Taimane) е името на една од музичките авторки од светската сцена чија популарност вртоглаво расте. Таа е дел и од глобалниот музички проект „Музика за промени“.
https://www.facebook.com/taimanegardner/videos/2415429645391275/
Нејзиното име значи дијамант на самоански јазик и перфектно ги одразува различните страни на нејзината природа. На нејзината гитара, таа перфектно свири и Бах и Лед Цепелин.
Таимане ги приближува различните музички жанрови, од класичен рок до фламенко, но секогаш може да се почувствува и рајскиот здив на Хаваите, каде што живеела како дете.
извор: ФБ профилот на Таимане