ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска – Метнар: Со членството во НАТО Северна Македонија станува важен играч за регионот но и за ЕУ

September 21, 2019 10:44
in Uncategorized

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Острава, Чешка имаше работна средба со чешкиот министер за одбрана Лубомир Метнар.

На средбата беше истакната долгогодишната успешна соработка во одбраната меѓу двете земји и континуираната поддршка за нашето членство во НАТО и за почеток на преговори со ЕУ.

Министерката Шекеринска се заблагодари на поканата да биде почесен гостин на меѓународната манифестација „Денови на НАТО“ што започна денеска во Острава.

Шекеринска изрази задоволство што чешката страна минатата седмица го ратификуваше Протоколот за прием во НАТО, и рече дека членството на Северна Македонија во Алијансата значи влог во безбедноста и стабилноста на целиот регион. Тесната соработка што ја остваруваат Република Северна Македонија и Западен Балкан со земјите од Вишеградската група  (В4) чиј лидер е во моментов Чешката Република е одличен пример за тоа како треба да соработуваат земјите во рамките на еден регион но и помеѓу регионите, истакна министерката.

„Република Северна Македонија е долгогодишен близок партнер на Чешката Република во Западен Балкан, а со членството во НАТО станува важен играч за регионот, но и за ЕУ. Со ратификацијата на Протоколот и со вашата континуирана поддршка покажавте дека Чешка знае да го вреднува постигнатиот напредок во нашата земја и дека взаемната почит и соработка ќе продолжат и во иднина во рамките на НАТО каде наскоро ќе станеме полноправна членка“, рече Шекеринска.

 Чешкиот министер Метнар ја истакна нашата земја како успешен пример во регионот на градење на пријателски односи со соседите и за тоа ги посочи договорите со Бугарија и со Грција, и изрази надеж дека полноправното членство во Алијансата ќе се случи што поскоро. Министерот Метнар рече дека Чешката Република со нетрпение чека да ја види Северна Македонија во НАТО каде што двете земји ќе продолжат да соработуваат. Тој додаде дека нашата земја е важен партнер на Чешката Република и дека ужива целосна поддршка на планот на добивањето датум за преговори за нашата земја.


Двајцата министри разговараа и за донација на опрема за нашата Армија од Република Чешка како и за австриската иницијатива за регионална Воена академија и нашата заложба седиштето да биде во Скопје, за што чешката страна изразува целосна поддршка.

 Министерската средба се одржа на маргините на меѓународната манифестација „НАТО денови“ чиј домаќин традиционално е чешкиот град Острава и на чие свечено отворање денеска присуствуваше и министерката Шекеринска заедно со министрите за одбрана од В4 – Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. На оваа најголема изложба од одбраната и безбедноста учествуваат 18 НАТО и партнерски земји кои ги прикажаа најновите технолошки достигнувања во нивната воена и полициска опрема.

 
Next Post

Член на Совет за реформи во правосудството, професорот Миодраг Лабовиќ, поднесе оставка

Discussion about this post

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk