ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Државниот врв, институции, политички партии, невладини и експерти ќе говорат на големата конференција на ЦИВИЛ за изборни реформи

Конференцијата ќе се одржи во Скопје, хотел Континентал (Кристална сала), на 25 септември со почеток во 12 часот. На Конференцијата ќе се говори за потребата од реформи во изборниот систем во целост, а поконкретно ќе се отворат темите за Изборниот законик, изборниот модел, Избирачкиот список, политичкото финансирање и медиумите и изборите. Учесничките и учесниците на Конференцијата ќе се обидат да дадат одговори на прашањата дали, како и во кој временски рок се возможни реформи во изборниот систем.

September 24, 2019 14:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Точно 32 говорнички и говорници се потврдени на Конференцијата за изборни реформи: Перспективи на македонските избори, а бројот на пријави за присуство расте постојано, информираат од Тимот за комуникации на ЦИВИЛ. Конференцијата ќе ја отворат Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и Амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих.

Во името на Владата, со оглед на тоа дека истовремено ќе учествува на заседанието на ОН, со видео порака ќе се обрати премиерот Зоран Заев. Рената Дескоска од СДСМ, Министерка за правда, ќе говори за реформските чекори во сферата на изборниот систем. По неа говорат Дамјан Манчевски од СДСМ, Министер за информатичко општество и администрација и Горан Милевски од ЛДП, Министер за локална самоуправа. Во името на повеќе политички партии, ќе говорат нивните лидери или високи претставнички и претставници, како што се Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса, ДОМ, НСДП, ПЦЕР, ГДУ, Демократи и други. Меѓу парламентарните партии од кои нема ни позитивен ни негативен одговор за учество се ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

„Сметаме дека е важно целокупната јавност да се вклучи во реформите на изборниот систем. Упатуваме јавен повик до ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и другите политички партии да одговорат на поканата, макар и негативно“ – Изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, кој ќе биде и модератор на настанот.

ЦИВИЛ покани релевантни експерти и претставници на граѓанското општество и меѓународната заедница. Меѓу говорниците се и Александар Кржаловски, МЦМС, Дарко Алексов, МОСТ, Александар Новакоски, експерт за изборни процеси, Катица Николовска од ДКСК, како и универзитетските професорки и професори Неда Малеска Сачмароска, Јасна Бачовска, Владо Бучковски, Мерсел Биљали и други. За одбележување е и интересот на неколку градоначалници да учествуваат на Конференцијата, како и луѓе од неформални и формални граѓански иницијативи.

Конференцијата ќе се одржи во Скопје, хотел Континентал (Кристална сала), на 25 септември со почеток во 12 часот. Од ЦИВИЛ нагласуваат дека на конференцијата се поканети лидерите на политичките партии без оглед на тоа дали се работи за голема или мала политичка партија, дали е застапена во сегашниот состав на Собранието или е вонпарламентарна. „За нас нема големи или мали, за нас сите се подеднакво важни“ – велат од ЦИВИЛ.

На Конференцијата ќе се говори за потребата од реформи во изборниот систем во целост, а поконкретно ќе се отворат темите за Изборниот законик, изборниот модел, Избирачкиот список, политичкото финансирање и медиумите и изборите. Учесничките и учесниците на Конференцијата ќе се обидат да дадат одговори на прашањата дали, како и во кој временски рок се возможни реформи во изборниот систем.

Според Агендата, по отворањето и презентацијата, ќе говорат високите претставнички и претставници на политичките партии и на Владата, по што следи кратка пауза. Во продолжение на агендата се невладините организации, експертите, граѓанските иницијативи, а во последниот сегмент од агендата е обезбедено време и за дискусија од сите присутни учесници. Присуството е возможно преку пополнување апликација или врз основа на директна покана од ЦИВИЛ.

Next Post

Богојески жестоко до Груевски: Помина времето на Вашиот „арамиски концепт“, време е за Македонски концепт

Discussion about this post

НАЈНОВО

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Теоријата на панспермија – животот како космички вирус

November 1, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

(ВИДЕО) Европски социјалдемократи: Ние сме со демонстрантите во Србија кои протестираат веќе една година

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk