ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

October 31, 2025 12:31
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Го прашале Македонецот за кого гласал.

-За вмро- рекол Македонецот.

-А зошто не за сдсм?

-Па, за сдсм ќе гласам кога ќе бидат на власт- рекол мудриот човек од Бившата југословенска република, единственото вистинско и точно име за државата на некогашните Македонци.

Мојата неспособност да се ускладам со нив, секој ден го зголемува јазот што ме дели од луѓето и нештата.

Не се жалам.

Убаво ми е на таа дистанца.

Всушност, токму поради тоа во мене непрекинато се врши зачнување на генерацијата на јазовите!

Секој мој јаз со нестварната стварност на Македонците, ме фрла на трагата на заложбата на премиерот да правиме што повеќе деца, со тоа што јас правам деца на длабокиот јаз меѓу децата и него.

Многу сум среќен.

Мојата фамилија секој ден расте и е поголема од домаќинството на дедо ми Петре во Кркља од пред стотина години.

Јазовите се раѓаат во време на порази.

Државата оди спротивно на моите заложби, во правецот на ненормалноста, на бездните, на исчезнувањето, таму кај што живеат тасманиски ѓаволи и ѓаволот во душата на Македонецот, а нацијата мене ме прогласи за ѓавол, непријател и нечовек за кого се резервирани три ресорти од највисока класа: Бардовци, Идризиво и Бутел.

Хахаха!

За мене и за генерацијата јазови нема поголемо признание.

Кога сите планини би биле книги и сите езера мастило и сите дрва пера, тоа се уште не би било доволно да се опише сета болка на овој свет.

Јакоб Беме а автор на оваа мисла.

Добро, викам јас, јасно ми е и дури прифатливо дека тоа би било малку за болката на светот, но можат ли сите тие планини, езера и дрвја да ја опишат макар болката на светот во Македонија.

Не, ми вели Беме, светот во Македонија нема болка, има само ситуации во кои тој мисли дека е опортуно да се превиткува како нешто да го боли, како фудбалски симулант на теренот, да речеме во случајот со сите тие неприродни гмо крици и шепотења за името, но болка- не.

Дури ми се чини дека отсуството на болка е еден од најголемите проблеми кои го деформират оваа општество.

Не само тоа, ми вели Беме, не знам дали сте забележале дека реакциите на Македонците секогаш се за десет скалила поблаги од актите што ги предизвикале.

Имаат емотивен плафон за се што има допир со општите работи.

Пропаѓањето на државата и циркузирањето на нивниот национален идентитет, завршуваат со благи лелекања на социјалните мрежи и со клучната фраза: господ нека ни е на помош!

Но, Господ, како што е познато, може да прости, но не ослободува.

Што покажува дека сите прикаски за вековната борба за слобода се само прикаски.

Македонците се многу згоден свет за ропство. Душа дале некој да ги јава. Викаат само оние кои се во хорот на власта, но и тие не звучат природно, глумат бес како аристократ кој глуми воодушевување од Брамс на начин кој покажува дека подобро би му било да се држи до своите манири, да присуствува на концертот, демек да се покаже, да го приложи своето присуство, но да не се глупира така што ќе коментира нешто од што нема поим.

Така и овие вмронални бранители на македонизмот.

И нивните јавачи на апокалипсата

Од Христијан па надолу или од него па нагоре, се до Гоце и Шапкарев, Татарчев и другите, сè се тоа повисоки или помалку високи селски аристократи на таканаречениот македонизам, кои немаат поим од Брамс. Затоа овие повисоките не направиле ништо, а овој последниот е на пат да го растури тоа што првите никогаш немале намера да го направат.

Македонија и Македонците се леб со многу адитиви и конзерванси.

Кои по осумдесетина години го загубија дејството, а нацијата одби да се прилагоди на својата органска реалност и стварност.

Како што инсистираше мојата маленкост.

Вака сме мувлосано крајче на историјата кое чека Орце да го исчисти ѓубрето за да си го заземе местото во првиот контејнер.

Велат дека трагичноста исчезнува ако ја гледаме од високо.

Од високо се гледа дека трагедијата ги погодува само луѓето што работат.

Проблем или среќа е тоа што во Македонија малку луѓе работат, можеби еден на сто, хахаха, ама тие што работат и се жртви на трагедијата се плашат дека може да биде уште полошо.

Да влезат Бугарите не во преамбулата туку да дојдат да бидат власт, Македонците ќе гласаат за нив.

Всушност, не ги пуштаат во уставот затоа што втората варијанта им е поприфатлива.

Бугарите го имаат зборот „оцелавање”.

Нешто како преживување.

Заедница кај која оцелувањето е клучен критериум на поведението и очекувањата, не може да биде нација и да има држава.

Не знам дали забележувате дека човекот го снема од ликовниот свет.

Повеќе нема портрети.

Лица.

Човекот е исцрпен како модел и тема.

А јас мислам и како центар на важности и значења.

Само уште вештачката интелигенција можеби ќе го врати.

Како свое дело.

Хахаха!

Ние сме тестер: како ќе реагира човекот ако го снема од сликите и дали може да се премине на следната фаза на исчезнувањето.

Македонецот покажува дека може.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА | Текстот е личен став на Авторот | Сите права се задржани.
Tags: Бранко Тричковски
Next Post
Фото: Кабинет на Претседател

Сиљановска-Давкова на одбележувањето 25 години од Резолуцијата 1325 на ОН: Лани само седум отсто од преговарачите во мировните процеси биле жени

EVN

НАЈНОВО

ЗНМ бара максимална транспарентност при изборот на новото раководство на МРТ

April 18, 2026

Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

April 18, 2026
Анаис. Мотив, Крушево

Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk