ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026 08:20
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Партијата „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев извојува повеќе од убедлива победа на собраниските избори во соседна Бугарија, со резултати кои значително ги надминаа сите претходни анкети. Според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК) базирани на 68% од преброените гласови, партијата води со високи 44,5%, што ѝ овозможува самостојно да формира мнозинство во бугарскиот Парламент, пренесува во својата анализа Тони Поповски.

„Наспроти анкетите кои предвидуваа резултат од 27 – 30%, големото изненадување е дека на 68% од преброени гласови, според ЦИК, партијата води со дури 44.5%, резултат кој и обезбедува самостојно мнозинство“, истакнува Поповски во својата објава. Овие бројки се потврдени и од паралелните пребројувања на агенциите „Маркет Линкс“ и „Мјара“, кои на речиси целосно преброен примерок предвидуваат резултат меѓу 44,4% и 45,3%.

Успехот на Радев се припишува на неговата специфична предизборна реторика, која ги обедини социјалните прашања со патриотскиот прагматизам. Како што се наведува во анализата, победничката стратегија била фокусирана на државата како главен гарант на стабилноста, со заложби институциите да се заштитат од корупцијата и влијанието на олигархијата.

„Надворешната политика треба да биде внимателно балансирана (мирољубие, скептицизам кон ’тврдата‘ линија на Западот, особено кога станува збор за безбедносни прашања и односите со Русија)“, се наведува како дел од клучните позиции на Радев. Со ваквиот настап, „Прогресивна Бугарија“ успеа да привлече огромен дел од гласачите кои претходно ги поддржуваа русофилската „Вазраждане“ и Бугарската социјалистичка партија (БСП), кои сега се наоѓаат на работ на изборниот праг.

Второто големо изненадување на изборите е сериозниот пораз на ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов, партија која на претходните избори во октомври 2024 година беше победник. Сега, со освоени околу 13,1%, ГЕРБ бележи драматичен пад во споредба со претходните 25,52% од гласовите.

Во новиот состав на Народното собрание се очекува да учествуваат вкупно четири политички субјекти:
„Прогресивна Бугарија“ со доминантно водство.
Центристичката коалиција „ПП-ДБ“ со околу 14% од гласовите.
ГЕРБ-СДС со околу 13,1%.
„ДПС – Ново начало“ на Дељан Пеевски со 5,4%.

Според проценките на агенциите за паралелно пребројување, партијата „Вазраждане“ се наоѓа во неизвесна позиција со рејтинг меѓу 3,8% и 4,2%, што го прави нејзиниот влез во парламентот крајно неизвесен со оглед на изборниот праг од 4%.

Падот на поддршката е евидентен и кај партијата на Пеевски, која во 2024 година имаше двојно подобар резултат, наведува Поповски.

Next Post

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

Shortcut

Најново

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk