Министерката Ангеловска ја промовира страната на која секој ќе може едноставно да провери дали му следува финансиска помош со внесување на матичен број.
Ангеловска соопшти и кои 9 македонски банки изразиле заинтересираност да соработуваат во спроведување на мерките за финансиска помош со издавање и дистрибуција на картичките.
На страната kupuvamdomasno.gov.mk можете да се информирате и кога и како да ја добиете картичката, доколку според матичниот број ви следува финансиска помош.
А. Н. С.