Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Слушам по чаршијата дека од првите 10.000 вморони нема еден кој не украл помалку од милион евра, а за Горското началство и Надвојводата проценките за пљачката одат од 100 милиони па нагоре до плафонот кој не се гледа.
Жал ми е за тие чесни деца и особено за Надвојводата и сакам да и го принесам на јавноста моето сведочење дека никој од нив, од Дафа до Лигњата и од Хер Флик до Трале, немаат чепнато ниту едно евро надвор од скромните плати.
Премиерот дури е во минус во однос на професорската комоција и плата.
Луѓето се утепаа од работа за доброто на граѓаните за плата од илјада или две илјади евра, а наидуваат на вака одвратни напади.
Ја смотале милијардата на Орбан, милијардите на Британската империја и 0,00001 отсто спичкале за тротоари и легнати полицајци, се омрсиле од Алта(н) банка и од македонските олигарси, од пензионерите и од другите граѓани на Македонија, ја декапацитирале државата и сега, демек, нема пари ниту за надгробна плоча.
Срамота!
Имам благо сомневање дека, можеби, ова со плочата е точно, другото се злобни и злонамерни лаги!
Така ли е, бе, Ковеси!
Фронтлајн | идеи на првата линија






