Според грчки извори, во рамките на Генералното собрание на ОН во Њујорк, денес, Премиерот Заев, ќе се сретне со грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис.
Ова ќе биде прва средба на Зоран Заев и Киријакос Мицотакис, откако Мицотакис е премиер на Република Грција.
Инаку, Премиерот, Зоран Заев, и владина делегација во состав заменик-претседател за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, учествуваат и во работата на меѓувладиниот панел за климатски промени, и на други форуми, каде што ќе бидат презентирани и усогласени национални агенди за намалување на емисиите на јагленороден диоксид и други честички што ја уништуваат озонската покривка и што го загадуваат воздухот.