ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025 15:15
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, остро реагираше на најновите случувања поврзани со одбележувањето на настан што, според него, во македонската историографија се оценува како почеток на српската окупација над Вардарска Македонија.

„Овој настан, во сред Северна Македонија, се одбележува во присуство на вицепремиер во македонска влада, заедно со рускиот амбасадор во државата“, напиша Хоџиќ на социјалните мрежи.

Тој посочи дека молкот на институциите и политичките актери е симптоматичен:

„А имате молк од ‘дежурните’ патриоти во македонската политичка елита. Имате молк кај мејнстрим медиумите кои секој ден ја бранат државата од Бугарија, Албанците и од ‘внатрешните предавници’. Имате молк од македонската олигархија, за економските последици од изолацијата на државата од ЕУ, а интеграцијата во ‘српскиот свет’. Молк, цензура, како во најцрните денови на комунизмот!“

Хоџиќ ги обвини и медиумите и политичките структури за игнорирање на предупредувањата од европските извештаи за српското влијание:

„Имате молк од сите пропагандисти и ботови кои со месеци на сите телевизии, весници, радија и портали го релативизираа европскиот извештај во кој влијанието на ‘српскиот свет’ беше спомнато во негативен контекст.“

Според него, „власта на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не смее да зуцне на продуцентите на големосрпските наративи кои Северна Македонија ја претставуваат како Стара Србија“.

Хоџиќ потсети и на честите јавни појавувања на рускиот амбасадор во земјава:

„Руската амбасада годинава се има појавено на повеќе одбележувања на датуми во Куманово, отколку што цела Влада на Северна Македонија има усвоено реформски закони кои не доближуваат до ЕУ.“

Тој предупреди дека наративите за „разочараност од ЕУ“ се дел од поширока стратегија:

„Додека паралелно оди наративот ‘ЕУ не нѐ сака’, ‘ЕУ нема да се проширува’, ‘Бирократите од ЕУ…’, ‘ЕУ ќе се распадне’… очигледно е дека македонската политичка елита, македонската олигархија и македонските мејнстрим медиуми ја припремаат македонската јавност за откажување од патот кон ЕУ и интеграција во ‘српскиот свет’.“

Хоџиќ заврши со иронична забелешка:

„Очекувано е кога во Подгорица и Тирана ќе има прослава за членство во ЕУ на Албанија и Црна Гора, за во Скопје ќе се спрема прослава со Цеца за ‘реинтеграцијата на Јужна Бановина во српскиот свет’.“

Tags: српски светЏелал Хоџиќ
Next Post

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

Shortcut

Најново

Филипче: Арамиски концепт на владеење на Мицкоски – лаги, тајни постапки и милионски партиски тендери

September 10, 2026

ВИ-апокалипса? Предупредувањето не е пророштво

September 10, 2026
Томислав Османли. Фото лична архива

Нов расказ на Томислав Османли објавен во реномираното грчко книжевно списание „Трака“

September 10, 2026

Мицкоски тврди дека концертите чинеле нула денари, СДСМ обвинува дека се платени со народни пари преку Државна лотарија

September 10, 2026
Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk