Србија го подигна нивото на опасност од тероризам на највисокиот, црвен степен, по вооружениот напад врз припадник на Жандармеријата кој ја обезбедувал Амбасадата на Израел во Белград, рано утринава, 28 октомври.
Според министерот за внатрешни работи во технички мандат, Ивица Дачиќ, нападот се случил околу 00:15 часот, кога засега неидентификувано малолетно лице, вооружено со два ножа, го нападнало полицаецот, извикувајќи „Алаху акбар“. Полицаецот возвратил со огнено оружје и го усмртил напаѓачот, при што се здобил со полесна повреда на лицето.

Дачиќ го квалификуваше инцидентот како терористички напад и соопшти дека безбедносните служби претходно го следеле осомничениот, за кого се верува дека бил симпатизер на Исламската држава.
По нападот, властите наредија засилено полициско присуство и контроли на стратешки објекти, критична инфраструктура и места со поголеми собири на граѓани.
Белградското Вишо јавно обвинителство соопшти дека употребата на оружје од страна на полицаецот била оправдана самоодбрана. Истрагата продолжува.
Ова е втор напад врз обезбедувањето на израелската амбасада во Белград за две години. Во јуни 2024 година, напаѓач со самострел рани српски полицаец, по што беше застрелан.






