Посетата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, е крунисана со прием на Премиерот Зоран Заев и сопруга Зорица, кај Претседателот Трамп и првата дама Меланија.
„Чест и задоволство ни беше со Зорица да присуствуваме на приемот организиран од Претседателот Трамп и првата дама Меланија, во Њујорк за време на ГС на ОН.
Претседателот ни упати порака дека го цени и целосно го поддржува Договорот од Преспа. Чест е да се добие ваква поддршка од врвен лидер и креатор на глобални договори.“, пиша Премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил