ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СЈО веќе не постои, но работата на СЈО мора да продолжи преку регуларното Обвинителство – Самуел Жбогар, во интервју за Алфа ТВ

Вистината е дека имате голема поддршка од многу земји членки за отпочнување на преговорите. Претседателот Туск, кој беше тука, исто така многу јасно кажа дека сте подготвени за преговорите. Тој и ги повика земјите членки да се согласат на тоа

September 26, 2019 22:12
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter
„Вистината е дека имате голема поддршка од многу земји членки за отпочнување на преговорите. Претседателот Туск, кој беше тука, исто така многу јасно кажа дека сте подготвени за преговорите. Тој и ги повика земјите членки да се согласат на тоа.“ – ова е одговорот на Евро-амбасадорот Самуел Жбогар, на прашањето какви се шансите нашата земја да отпочне преговорите со ЕУ.
Евро-амбасадорот Самуел Жбогар во интервју за Алфа ТВ, одговара мошне прецизно и на многу прашања
Понатаму констатира дека Северна Македонија има поддршка и од Комисијата, кое јасно се гледа од извештајот, исто така и од изјавите на високите претставници: Могерини и Хан, па додава:.
„Сите свативме дека многу е направено и дека се бара, односно се очекува од земјите членки да се согласат за отпочнување на преговорите.“
Жбогар, вели дека прашањето на одлагање на одлуката било техничко прашање, во смисла на немање време зашто тогаш било многу бргу до Изборите за Европскиот парламент и многу брзо после поднесувањето на извештајот, кој препорачува отпочнување на преговорите и дека некои земји, а посебно некои клучни земји не биле подготвени за тоа да одлучат, па одлучиле тоа да се случи во октомври. Токму затоа, Жбогар е сигурен дека во октомври ќе ја донесат својата одлука за отпочнување на преговори.
На прашањето за владеењето на правото, и дали може да се каже дека во Македонија владее правото, Жбогар вели:
„Во последните неколку години имаше голем напредок. Мора да знаеме дека СЈО беше формирано во време кога ОЈО беше парализирано од политика и дека СЈО беше единствената институција која функционираше и работеше против корупцијата и организираниот криминал. СЈО направи голема промена во изминативе три-четири години. Не треба да го заборавиме тоа. Имаше 20.000 телефони, кои беа нелегално прислушувани. Сите не интересира зошто и кој го направил тоа. Има преку милион разговори кои ги слушна целиот свет и сите слушнавме криминални активности на тие прислушкувани разговори. На сите ни е битно тоа да се доведе до крај, па затоа има многу случаи кои се доведени до судска разрешница. СЈО веќе не постои, но работата на СЈО мора да продолжи преку регуларното Обвинителство. Би рекол дека тоа е голема промена во борбата со корупцијата“.
Во врска со слободата на медиумите, Жбогар истакнува: „Увидовме дека има многу помал, или нема  притисок од страна на политичарите, дека има многу поголема слобода за информирање, многу поголема критика кон Власта, што не беше случај во минатото.“
Запрашан за најновите случаи во медиумите и дали јавниот интерес е пред се, тој истакнува:
„Јавниот интерес е важен, но тоа не значи дека новинарите треба да ги кршат законите. Верувам дека ако тој одреден документ има назнака како таен документ или доверлив документ, не му дава за право на новинарот да го објави.“
Целото интервју, со Жбогар, за Алфа ТВ, може да го погледнете тука.
Ј.Ѓ
Next Post

Со огромно мнозинство, Бундестагот гласаше за старт на преговори за С.Македонија со ЕУ

Discussion about this post

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk