Во интервјуто што Премиерот Зоран Заев го дава за Гласот на Америка, вели дека е спремен да разговара за предвремени избори во октомври 2020 година. Заев е оптимист дека до 15 октомври, кога се очекува одлука на министрите на ЕУ, за доделување датум за преговори за членство во Унијата, ќе биде постигнат и договор за јавното обвинителство.
На прашањето за тоа какви се реакциите на Меѓународната заедница, за тоа што за прв пат ја претставува нашата земја како Северна Македонија, Премиерот вели:
„Привилегија е да бидете во својство на земја што е почитувана и признаена од сите. Се спомнува во говорот на генералниот секретар на Обединетите нации, на многумина лидери што се обратија овде. Чувството е пријатно. За сите претставуваме позитивен пример како низ дипломатија и дијалог се решаваат вакви отворени и чувствителни прашања.“
Понатаму, Премиерот Заев, говори и за средбата со грчкиот Премиер, со кој покрај тоа што констатирале дека дека Договорот е донесен и дека сега треба да се реализира, а преку него да го градиме пријателството и да ја зајакнеме економската соработка. Било разговарано и за меѓународната комисија за марките на самите производи, за потеклото на самите производи и дека ние инсистираме тоа да се реши побрзо. Се разговарало и за граничните премини, за интерконекторот, за економската соработка, за тоа како бизнисмените од Република Грција можат да најдат свој интерес во Република Северна Македонија, од којшто бенефит би имале двете земји.
За преговорите со ВМРО-ДПМНЕ околу законот за ЈО, Премиерот Заев покрај дугото вели:
„Тоа што меѓународната заедница го бара од нас е гаранција на иднината на предметите. Таа е загарантирана и од нас се очекува договор што ќе може да ја дозагарантира таа иднина на предметите од специјалното јавно обвинителство, како и капацитетите на самото СЈО, а тоа се јавните обвинители, службите, стручните соработници и сте што работат. Тоа е институцијата, тоа е капацитетот што треба да има своја иднина.
И, вториот дел, е домашната јавност, што е исто така многу важно. Но, сите заедно очекуваат договор којшто ќе ја догарантира иднината на сите овие аспекти, а нема да ги наруши. Договорот е поставен во своите црвени линии, така што не е дозволиво политичарите да направат нешто со што би се нарушила иднината на предметите од Специјално обвинителство, како и иднината на сите што го претставуваат капацитетот на тоа обвинителство во коешто Република Северна Македонија има вложено сериозни ресурси. Треба да го користи во иднина тој свој капацитет. Јас се надевам дека ќе изнајдеме решение, покажавме демократска зрелост, понудивме Обвинителство за гонење на висока корупција.“
Целото интервју на Премиерот Заев за Гласот на Америка, може да го погледнете, тука.