ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Американски компании ќе инвестираат во земјава

Вицепремиерот за економски прашања Анѓушев на средби со менаџери на американски компании

September 28, 2019 15:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски за време на работната посета на Њујорк имаа директни средби со менаџментите на неколку американски компании, заинтересирани за инвестиции во нашата земја, соопшти Кабинетот на вицепремиерот.

Како што соопшти Кабинетот на Анѓушев, сите компании со кои се сретнаа Анѓушев и Младеновски покажаа интерес за инвестирање во земјава, а дел од нив се и блиску до донесување одлука за реализација на инвестицијата.

– Нивните имиња ќе ги објавиме кога тие самите ќе одлучат за тоа. Ме радува што тоа се компании од високо-технолошкиот развиен свет, односно компании кои нема да вработуваат 3.000 или 5.000 лица, планирано е да вработуваат помал број на луѓе, од 300-500, но тоа ќе бидат работни места токму онакви какви што сакаме да има во нашата држава, за млади интелектуалци и за високо стручните кадри, за да ги задржиме младите во Република Северна Македонија. Станува збор за потенцијални инвестиции до стотина милиони евра и над тоа некои од нив. Дефинитивно Северна Македонија станува земја којашто е интересна за компаниите од САД. Ценам дека голем придонес во таа работа има и зачленувањето во НАТО и нашите евроатлантски интегративни процеси кои сериозно ги раздвиживме – изјави Анѓушев, соопшти неговиот Кабинет.

Во изминатите две години во ТИР зоните и надвор од нив, според вицепремиерот, започнаа со реализација триесетина инвестициски проекти на странски компании, домашните компании исто така реализираа нови инвестиции и се развиваат и сето тоа се рефлектира преку позитивни економски статистички показатели.

Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Младеновски очекува за дел од проектите за кои се разговараше во Њујорк, да се донесат одлуки во многу брзо, а се надева дека компаниите ќе одлучат да инвестираат токму во нашата земја.

– Генерално сме во последна фаза на преговори со овие компании, набрзо, не се работи за месец-два, туку се работи за некоја недела, се надевам дека ќе може да ги објавиме. Со тоа ќе се заокружи за оваа година поголем инвестициски сегмент од планираното. Во наредната година, кога фабриките кои се моментално во градба ќе заживеат, ќе работат високо квалификувани кадри и тоа ме радува особено – рече Младеновски.

Тој потсети дека во скопската зона швајцарската компанија „Баумер“ започна со работа, додека со изградба на производствени погони започнаа германската „Гересхајмер“, турската „Балканлар Пластик“, како и албанската „Саген“. Тој додаде дека со изградба на фабрики во Скопје набрзо започнуваат „Зенит“ и германската „Кеслер“, со што ќе се реализираат навистина значајни странски инвестиции во државата.

– Во останатите формирани зони се реализирааат сериозни инвестиции во завршување на инфраструктурата, од страна на државата. Во нивните капацитети има уште неколку нови најави за фабрики во зоната Струга, во Штип и зоната во Прилеп – рече  Младеновски.

Извор: МИА

Next Post

Костадинов го објави амандманот со кој Ане Лашкоска, бара 100.000 денари за опашката на Бикот

Discussion about this post

НАЈНОВО

Фото: ЕПА/МИА

Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025

ЗНМ: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

August 15, 2025

Леонардо Дикаприо жали за улогата што му ја препуштил на Марк Волберг во 90-тите

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk