Коста Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ, на својот Фејсбук профил објави амандман од Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ, на кој се гледа дека се бараат 100.000 денари за обнова на опашката на споменикот „Бик“, што се наоѓа во центарот на Скопје.
Она на што Костадинов бара да се обрне посебно внимание, не е самиот амандман, туку нешто друго:
„Вака изгледа еден амандман од опозициската ВМРО ДПМНЕ.
На прв поглед кога го читате внимание ќе ви привлече барањето за промена на опашката на бикот на ул. Македонија, од ставката, замислете опрема и машини !?!?
Но, не е во тоа суштината.
Имено, сите амандмани на опозицијата се испратени до претседателот на Собрание на Република С Македонија.
Незнам која е намерата на ДПМНЕ, но ова може да има две значења, или официјално го прифатија уставното име Северна Македонија, или можеби Република С Македонија за нив е повеќе прифатливо решение.
Кога зборувам за лицемерие, кога зборувам за манипулирање со чувствата на граѓаните, мислам токму на ова.
Верувам дека опозицијата после ова многу повеќе ќе треба да се помачи да си објасни за ова пред нивното членство кое го манипулира вело време без исклучок.“, напиша Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил.