ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

ИНТЕРВЈУ со Емил Цветанов, претседател на Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ)

November 19, 2026 08:45
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Емил Цветанов, претседател на Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ), е поранешен репрезентативец, тренер и спортски работник со долгогодишно искуство во македонскиот велосипедизам. Пред изборот на претседателската функција во декември 2025 година, тој беше познат по својата работа со велосипедскиот клуб „Крос сајклинг“ од Куманово и со младите велосипедски таленти.

Во интервју за онлајн-медиумите на ФРОНТЛАЈН ПРЕС, Цветанов зборува за предизвиците во раководењето со Федерацијата, потребата од транспарентност, фер-плеј и еднаков третман на клубовите и натпреварувачите, како и за перспективите на македонскиот велосипедизам. Тој се осврнува и на меѓународните успеси, развојот на младите спортисти, недостигот од велосипедска инфраструктура и потребата од поголема институционална поддршка.

Неговата главна порака е дека довербата во Федерацијата мора да се гради преку конкретни резултати, чесно работење и поддршка за сите спортисти.

ФРОНТЛАЈН ПРЕС: Што за Вас лично значи да се биде на чело на една спортска федерација и колкава одговорност носи таа функција?

ЕМИЛ ЦВЕТАНОВ: Да се биде на чело на спортска федерација, особено велосипедската, во која доаѓам како поранешен натпреварувач, претставува голема одговорност, но и можност да се исправат многу недоследности во досегашното функционирање кои ги засегаат сите чинители во овој спорт.

ФРОНТЛАЈН ПРЕС: Кој е најголемиот предизвик со кој се соочивте по преземањето на претседателската функција?

ЦВЕТАНОВ: Најголемиот предизвик беше воспоставувањето законито и правилно функционирање на Федерацијата, а истовремено и обезбедување еднаков третман за сите клубови и натпреварувачи.

ФРОНТЛАЈН ПРЕС: Колку е тешко да се води спортска федерација во услови кога велосипедизмот сè уште се бори за поголема институционална поддршка и јавна видливост?

ЦВЕТАНОВ: Особено е тешко, но токму тоа е заложбата на актуелното раководство — да го истакнеме, поттикнеме и унапредиме велосипедизмот преку поголема соработка со институциите и поголема јавна видливост.

ФРОНТЛАЈН ПРЕС: Како ја оценувате моменталната состојба на македонскиот велосипедизам? Каде сме денес во споредба со земјите од регионот и што ни недостига за посериозен исчекор?

ЦВЕТАНОВ: Ние сме народ кој постојано сака да се споредува со другите, особено со земјите од опкружувањето, но недоволно верува во сопствените можности.

Јас верувам во нашата Федерација, во идните генерации натпреварувачи, тренери и селектори. Верувам дека со желба, амбиција и многу труд можеме да постигнеме резултати со кои ќе почнеме да се мериме со Европа, наместо само со земјите од регионот.

ФРОНТЛАЈН ПРЕС: Кои се најголемите системски проблеми со кои се соочуваат клубовите и натпреварувачите во Македонија?

ЦВЕТАНОВ: Сметам дека еден од најголемите проблеми произлегува од досегашниот начин на функционирање на Федерацијата. Токму затоа работиме на воспоставување јасни правила, еднакви критериуми и систем во кој сите клубови и натпреварувачи ќе имаат еднаков третман.

ФРОНТЛАЈН ПРЕС: Колку е важна соработката со државните институции, општините и спонзорите за развојот на велосипедизмот?

ЦВЕТАНОВ: Особено е важна. За Федерацијата тоа значи финансиска и логистичка поддршка, додека општините за возврат добиваат поголема посетеност, спортски туризам и промоција. Истовремено, со ваквата соработка го доближуваме велосипедизмот до идните генерации.

ФРОНТЛАЈН ПРЕС: Дали Македонија има потенцијал да создаде натпреварувачи конкурентни на највисоко меѓународно ниво?

ЦВЕТАНОВ: Отсекогаш сум верувал дека можеме многу повеќе и дека европските натпреварувачи не се недостижни за нас. Потребни се вистинска посветеност, дисциплина, одрекување и вложување. Дали секој поединец е подготвен на тоа, зависи од него самиот.

ФРОНТЛАЈН ПРЕС: Кои резултати и достигнувања на македонските велосипедисти би ги издвоиле како особено значајни?

ЦВЕТАНОВ: Пред сè, би ја издвоил поголемата застапеност на нашите натпреварувачи на меѓународните натпревари.

Особено значајни се настапите на Дуња Иванова во XCМ и нејзината висока позиција на светската UCI ранг-листа, сребрениот медал на Елена Петрова на Балканското првенство во друмски хронометар, балканските на Далија Стојановска во планински велосипедизам и цикло-крос, како и бронзениот медал на Оља Цветанова во цикло-крос.

Секако, тука се и сите останати репрезентативци кои настапија на балканските и европските првенства. Оваа година сме значително позастапени на овие натпреварувања во споредба со претходните години.

ФРОНТЛАЈН ПРЕС: Како ја оценувате работата на клубовите и нивниот придонес во создавањето нови генерации велосипедисти?

ЦВЕТАНОВ: Работата на клубовите ја оценувам на солидно високо ниво, но секогаш има простор за повеќе. Тоа го барам и од самиот себе, бидејќи секојдневно се стремам кон повеќе работа и поголеми успеси на Федерацијата.

ФРОНТЛАЈН ПРЕС: Кои се главните приоритети на ВФМ за наредниот период?

ЦВЕТАНОВ: Консолидација на Федерацијата, воспоставување вистински правила и критериуми, како и развој и подобрување на условите за сите клубови и натпреварувачи.

ФРОНТЛАЈН ПРЕС: Што планирате за подобрување на условите за клубовите и поголема поддршка на репрезентативците?

ЦВЕТАНОВ: Оваа година воведовме една нова практика — поддршка за секој клуб при организирање натпревари од лигата на ВФМ.

Ќе се стремиме оваа поддршка да продолжи и да се зголемува, а истовремено да ја подобриме опременоста и логистиката на Федерацијата, со што ќе обезбедиме подобри услови и за репрезентативците.

ФРОНТЛАЈН ПРЕС: Како може велосипедизмот да стане попривлечен за децата и младите во Македонија?

ЦВЕТАНОВ: Пред сè, преку фер-плеј, на кој посветено работиме од моето доаѓање на функцијата.

Само преку правичен однос децата и младите спортисти ќе имаат доверба во Федерацијата и мотив да останат во спортот. Со фер-плеј и успеси ќе им дадеме пример на идните генерации и ќе го направиме велосипедизмот попривлечен и подостапен.

ФРОНТЛАЈН ПРЕС: Колку е реално Македонија да биде домаќин на значајни меѓународни велосипедски натпревари?

ЦВЕТАНОВ: Многу реално. Велосипедската федерација веќе беше организатор на велосипедските натпревари во рамките на EYOF, за што добивме позитивни оценки и признанија.

Тоа ни дава сигурност дека сме подготвени и за други значајни меѓународни натпреварувања, за кои се надевам дека ќе имаме можност да ги организираме.

ФРОНТЛАЈН ПРЕС: По што би сакале да биде препознатлив македонскиот велосипедизам на крајот од Вашиот мандат?

ЦВЕТАНОВ: По сосема нов начин на функционирање на Федерацијата, кој ќе се темели на чесно, рационално и просперитетно работење. Пред сè, по фер-плеј однос кон спортистите и клубовите, кои ќе имаат доверба во работата на Федерацијата.

ФРОНТЛАЈН ПРЕС: Кои вредности ги развива велосипедизмот кај младите и колку е важен како дел од здравиот начин на живот?

ЦВЕТАНОВ: Како што се вели, спортот гради карактер. Велосипедизмот особено се истакнува бидејќи како индивидуален спорт создава силни карактери кои не знаат за предавање, дури и кога губат.

Во овој спорт пожртвуваноста и истрајноста се на највисоко ниво. Токму така се создаваат вистински шампиони, не само во спортот, туку и во животот.

ФРОНТЛАЈН ПРЕС: Дали Македонија има доволно безбедни услови и соодветна велосипедска инфраструктура?

ЦВЕТАНОВ: Не би сакал ова да звучи како критика, но сметам дека, освен во Скопје каде што постои одредена инфраструктура, во останатите градови таа е речиси непостоечка. За вистински развој на велосипедизмот, и рекреативниот и натпреварувачкиот, потребно е уште многу да се вложува.

ФРОНТЛАЈН ПРЕС: Кој е Емил Цветанов надвор од претседателската функција и колку личното спортско искуство влијае врз Вашата работа?

ЦВЕТАНОВ: За ова прашање има многу да се каже, но ќе се задржам на неколку детали, а останатото за некоја друга пригода.

Надвор од Федерацијата сум управител на приватна компанија. Мојата поврзаност со велосипедизмот започнува во далечната 1991 година, а веќе во 1994 година настапував за репрезентацијата на Македонија.

По пауза поради образованието, повторно се вратив во спортот преку сопствен клуб, каде што работев како тренер и со кој бележевме бројни успеси.

По преземањето на претседателската функција целосно се посветив на придонесот кон Федерацијата, бидејќи во моментов ВФМ за мене е пред сè!

ФРОНТЛАЈН ПРЕС: Ако треба да издвоите една работа што најмногу сакате да ја промените во македонскиот велосипедизам, која би била таа?

ЦВЕТАНОВ: Сакам да ја променам стигмата дека Федерацијата е место за остварување лични интереси на поединци.

Мојата цел е да покажеме дека Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво и дека довербата се гради преку дела, а не преку зборови.

ФРОНТЛАЈН ПРЕС: Која е Вашата порака до македонските велосипедисти, тренерите и клубовите?

Продолжете да работите и да вложувате. Секој труд ќе биде препознаен и поддржан од Федерацијата, бидејќи нејзината вистинска улога е токму тоа — поддршка на спортистите и клубовите и развој на македонскиот велосипедизам.

Next Post
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

Shortcut

Најново

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

Седум фемициди и шест барања: Граѓанските организации бараат институционална одговорност

November 18, 2026

Мислете му ја!

November 17, 2026
Фото: Скриншот од Youtube/Google DeepMind

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk