ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

July 16, 2020 17:40
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изборот е направен, насоката е потврдена, Република Северна Македонија продолжува по правиот пат, во сигурна и европска иднина, истакна премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција во Владата.

Тој упати честитки до сите граѓани на нашата држава, кои, како што рече, го разбраа личниот дел од одговорноста и во услови на светска пандемија, излегоа на гласање и го остварија своето уставно загарантирано право на глас.

Спасовски упати благодарност и до институциите вклучени во организацијата и спроведувањето на изборите и на вработените во овие институции, кои беа на висина на одговорностите и спроведоа здравствено безбедни избори.

Посебна благодарност упатувам до Комисијата за заразни болести за донесените оперативно – успешни протоколи, со коишто е заштитено јавното здравје.

„Победник од вчерашните избори е секој гласач, секој учесник во изборниот процес и пред и над сè, победник е Република Северна Македонија.

Нашата држава покажа дека е заслужено членка на НАТО и е заслужено пред почеток на преговорите со ЕУ. Како народ, како Влада и како држава, покажавме уште еднаш, европски вредности – на дело.

Организиравме здравствено – безбедни, мирни, фер, слободни и демократски, европски избори, како што и доликува на една држава којашто е на чекор до почеток на преговорите со Европската унија.

Ќе влезат во демократската меморија на нашата земја предвремените парламентарни избори 2020 година, преку коишто покажавме како навистина се сака својата земја, како се чуваат постигнувањата, како се обезбедуваат нови аргументи за интеграциските перспективи на земјата.

Овие, кристално чисти, фер и демократски избори се уште еден доказ, дека кога има демократска политичка определба и кога има демократска организација, има и чисти демократски резултати, одраз исклучиво на слободно изразената граѓанска волја.
На почетокот на Кампањата посакав овие избори да ги паметиме по нивното успешно спроведување, во услови на незапаметената светска здравствена криза.

Реков дека ќе биде запишано дека изборите се организирани и спроведени со максимална заштита по здравјето на граѓаните, во фер и демократска атмосфера, во којашто граѓаните ќе го остварат своето право на глас и на избор.

Денес тоа е реалност и тоа е заеднички успех на сите нас.“, потенцира Спасовски на денешниот прес.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

Преглед на вести во 18 часот: Митко Јанчев бара оставка од Мицкоски, СДСМ - Мицкоски е поразен политичар, изгубен во сопствените заблуди, Спасовски - Изборот е направен, продолжуваме по патот на европската иднина

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk