ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Вест стара 59 години

November 15, 2026 23:09
in ESPRESSO, ФРОНТ
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Роденденот често знае да донесе и сенка од сетно расположение, тивка опомена дека часовникот на животот отчукува со неумолива неминовност. Без оглед на тоа колку човек е успешен и ослободен од грижи, прозрачното сениште на времето е секогаш тука некаде – немо го посматра секое движење, секој чекор низ просторот, секоја безначајна или рутинска постапка.

Потоа, доаѓаат честитките, добрите желби, насмевките, подароците.

Но навираат и спомените.

Прославата е проткаена со филмската лента на животот од која недостасуваат фрејмови со луѓе што заминале. Блиски луѓе. Толку блиски што нивното заминување е како откинување на дел од телото. Додека келнерот носи нова тура, подзамижан, ги повикувам да седнат околу масата.

Крешник, Садат, Шуки, Игор… Масата се продолжува, се додаваат столчиња.

Мојот 59-ти роденден не беше многу различен од повеќето претходни. Почнав да добивам честитки три дена порано.

Кога сме кај пораките, морам да признаам – ми значат. Навистина многу ми значат.

Секоја порака, секое емоџи и пораките што социјалните платформи ги нудат како готови модели. Сите ми се драги и се трудам секоја да ја видам и да одговорам. И им верувам на сите што ова го тврдат во своите построденденски пораки на мрежите.

И забележав нешто. Не знам дали тоа е некое менување на навиките кај луѓето, но во последно време расте бројот на оние што ја избираат опцијата директна порака. Си велам, не треба веднаш да тврдам дека причината е политичка, но не ја исклучувам. Се насмевнувам на оваа помисла и ја отфрлам. Дај престани со политика, се прекорувам себеси. Престани барем денеска.

Добив стотици директни пораки, дури и неколку мејлови, а веројатно исто толку и коментари и лајкови на социјалните мрежи.

Во една порака, мој пријател и колега, стар новинарски волк, ми пиша дека новинарите не може да имаат роденден – тоа е застарена вест. Хаха, да, во право е. Мојот роденден е 59 години стара вест.

Друг новинарски бард напиша дека, со оглед на тоа што мојот роденден е в сабота, понеделник ќе биде неработен ден во земјата. Ах, си велам, кога би можел Трамп да ги види овие пораки… И веднаш се прекорувам по втор пат, да престанам со политика.

Со ќерка ми ручав во „Џино“. Секогаш, уште од мала, тоа е нејзиниот прв избор. Оваа година, одбра да ми подари едно свое платно. На задната страна од сликата, на рамката дискретно закачила мала црвена машничка. И сега, додека го пишувам овој ред, очите ми се замаглуваат. Сигурен сум дека секој што се наоѓа од другата страна на ова четиво точно знае колку ме направи среќен овој подарок.

Добив многу пораки и честитки и од Украина. Моите мили пријателки и пријатели од земјата соочена со крволочен агресор, најдоа време да ми напишат нежни пораки со најубави желби. Секоја секунда од нивниот живот е исполнета со недостиг од основни потреби – струја и топлина, со ризик по животот. Но тие најдоа време и зборови да ги испратат 1000 км подалеку, да ми посакаат среќен роденден. Немам зборови да опишам што сѐ има во ова и колку тоа ми значи.

Добив пораки од цела Европа и од двете Америки. Со двете Америки мислам на Северна и Јужна, не на двете Америки во САД. Од МАГА не добивам роденденски честитки.

Ми се јави и мајка ми да ми честита. Денеска беше на ручек кај мене, како и секоја недела. Но денеска рековме дека ручекот е роденденски, па „малку“ се прејадовме. Потоа, следеше самокритика.

– Нели рековме дека тежнееме да ослабиме!? – рече мајка ми.
– Рековме, ама изгледа само тежнееме, никако да ослабиме – ѝ реков.

Се насмеавме.

Утре е понеделник. Ако Бранко е во право, утре не се работи.

Скопје, 15 ноември 2026, 22 часот

Shortcut

Најново

Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk