Тврдењето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова дека Северна Македонија е европски рекордер во уставни измени не ја издржува проверката на фактите, покажува опсежната анализа на новинарот и аналитичар Џабир Дерала, објавена на ЦИВИЛ МЕДИА на 18 ноември.
Повод за анализата е говорот на претседателката во Собранието, на 35-годишнината од донесувањето на Уставот, кога таа изјави дека земјата е рекордер во уставни измени, повикувајќи се на 36-те усвоени амандмани.
Дерала, повикувајќи се на официјалната собраниска документација, податоците на Парламентарниот институт и книгата на проф. д-р Љубомир Данаилов Фрчкоски, објавена од ЦИВИЛ во 2023 година, укажува дека Уставот е менуван во осум постапки, со вкупно 36 амандмани. Дури 26 од нив, односно 72,2 проценти, биле усвоени во само две постапки – во 2001 и 2005 година.
Европските споредби дополнително го оспоруваат тврдењето за рекорд. Според официјалните податоци на германскиот Бундестаг, Основниот закон на Германија бил менуван преку 69 закони за уставни измени до јуни 2026 година.
Анализата ги разгледува и меѓународното посредување во уставните процеси, обврските преземени во рамките на евроинтеграцијата и политичката употреба на поимот „уставен патриотизам“.
Дерала оценува дека претседателката ја користи уставната статистика за аргументација што ја зајакнува националистичката реторика, наместо да отвори суштинска расправа за демократијата и владеењето на правото.
Анализата завршува со пораката:
„Уставот не е проблемот. Проблемот е политичката злоупотреба на неговата историја и на неговите вредности.“
Прочитајте ја целосната анализа на Џабир Дерала на ЦИВИЛ МЕДИА: Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика
ФРОНТЛАЈН ПРЕС






