Пишува: Ванчо Орданоски
Математиката на AI индустријата како да е халуцинирана од… AI.
Плаќаш 200 долари месечно за Claude. Го користиш максимално, со агенти, програмирање, автоматизација… и можеш да потрошиш пресметковни ресурси кои, според API (Application Programming Interface) ценовникот, би чинеле илјадници долари. Во еден екстремен пример – дури 8.000 долари! Однос 1:40!
А кој ја плаќа инфраструктурата? Anthropic. На Amazon, кој пак инвестира милијарди во Anthropic. Кругче.
Кај OpenAI, според податоците за 2025 година, за секој заработен долар имало 2,60 долари трошоци, односно 1,60 долари загуба. Однос 1:2,60.
Microsoft поседува околу четвртина од OpenAI, а истовремено пријавува 24 милијарди долари годишни приходи од нивната соработка. Пак, кругче.
И сега најинтересното: Anthropic работи со загуба, а вчера направи најголемо IPO (Initial Public Offering) во историјата – 81 милијарда долари! Компанијата достигна берзанска вредност од околу 1.8 трилиони долари.
Изгледа дека инвеститорите не купуваат денешна добивка, туку надеж за утрешен монопол.
Everybody wants to rule the world!
AI сигурно ќе го промени светот. Прашањето е кој ќе ја плати сметката.
Ванчо Орданоски е главен софтверски архитект во Инфопроект и еден од најискусните професионалци и ветерани на ИТ-секторот во земјата.
ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.






