ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ултрадинамичен семинар на ЦИВИЛ за граѓанско учество, активизам и граѓанско новинарство во Штип

September 29, 2019 18:13
in ОПШТЕСТВО
Зоран Иванов, на семинарот на ЦИВИЛ, Штип, 28 септември 2019. Фото: Б. Јордановска

Зоран Иванов, на семинарот на ЦИВИЛ, Штип, 28 септември 2019. Фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ започна со нова серија регионални семинари во кои воведе низа новини во динамиката и методологијата. Првиот ултрадинамичен семинар „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“ се одржа вчера во Штип со учество на над 20 учеснички и учесници од источниот регион.

Покрај тимот на ЦИВИЛ, на семинарот предавачи беа и новинарите Зоран Иванов и Арбен Зеќири.

„Учесничките и учесниците на семинарот имаа можност да учествуваат во супер динамични, интерактивни и забавни активности во кои едукацијата е насочена во повеќе области поврзани со транспарентноста и одговорноста во политичките процеси. На овие семинари, сите заинтересирани ги подготвуваме да бидат дел од мрежата на ЦИВИЛ или самостојно да дејствуваат во насока на граѓанскиот мониторинг и известувањето за настаните и процесите на локално и национално ниво. Во новата серија семинари во кои внесуваме сосема нови, досега невидени методолошки единици, на учесничките и учесниците им нудиме можност преку интерактивни работилници, преку дијалог и практични вежби да се запознаат со основите на новинарството, граѓанскиот активизам, човековите права и слободи и граѓанското новинарство, како алатки за директно влијание и општествени промени“, велат од ЦИВИЛ.

Иако со методолошки новини, овој семинар е во своевиден континуитет на едукацијата што ЦИВИЛ ја спроведува на овие теми во изминатите четири години, на кои учествуваа над 1.000 луѓе до сега. Тие се дел од проектот „Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси“ финансиран од National Endowment for Democracy, што ЦИВИЛ го имплементира веќе петта година по ред.

Б. Јордановска

Next Post

Добивката на осигурителните друштва во првите шест месеци од годинава е 113,1 милиони денари, забележан раст од 6,87 отсто

Discussion about this post

НАЈНОВО

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ: Нема да му простам

November 9, 2025
ВИ

Издадено предупредување за цунами во Јапонија по земјотресот од 6,8 степени

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk