Во Собранието денеска седници ќе одржат Националниот совет за евроинтеграции, Комисијата за одбрана и безбедност, а продолжува и разгледувањето на амандманите за ребалансот на Буџетот за 2019 година.
Националниот совет за евроинтеграции организира Јавна расправа на тема „Европски вредности за иднината на Југоисточна Европа – младинските политики и соработка”.
На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност се предлог – одлуките за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина и за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Исламската Република Авганистан, како и Предлог – закон за класифицирани информации, во прво читање.
Извор МИА