ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Родовото прашање е составен дел на сите политики на Владата

September 30, 2019 13:58
in ФЕМИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска присуствуваше на отворањето на Регионалниот состанок за следење на напредокот на Пекиншката декларација и Платформата за акција за родова еднаквост (Пекинг +25), што се одржува во Скопје.

„Во овие три години како Влада направивме максимални напори родовото прашање да биде составен дел на сите политики. Она што е важно дека како држава успеавме да ја ратификуваме Истанбулската конвенција. Но, не застанавме тука. Нејзината имплементацијата е висок приоритет. МТСП работи на воспоставување на услуги за заштита од насилство заедно со граѓанските организации и истите ги развиваме на локално ниво“, истакна Царовска.

Во соопштението на Министерството за труд и социјална политика се наведува дека во 2019 година се донесени нови закони за спречување и заштита од дискриминација и за прекинување на бременоста, а обезбедена е и вонституционална заштита преку усвојување на нов сервисен центар за лица кои се жртви на трговија со луѓе и жртви на сексуално насилство.

„Со донесувањето на Законот за минимална плата во 2017 година, прв пат, минималната плата беше изедначена за работниците во индустријата за текстил, кожа и чевли, во кои најголем процент на вработени се жените. Од усвојувањето на Пекиншката декларација и платформа за акција, Република Северна Македонија постигна значителен напредок во развојот и имплементацијата на агендата за родова еднаквост. За 2020 година планирана е измена на Законот за еднакви можности на жените и мажите како и воспоставување на тренинг центарот за родова еднкавост, се наведува во соопштението.

На денешната консултативна средба учествуваат владини претставници одговорни за спроведување на јавните политики за родова еднаквости зајакнување на жените, граѓански организации, претставници од академската сфера и експерти од Западен Балкан и Турција.

Извор: МИА

Next Post
Бојко Борисов

Борисов: Иднината на Северна Македонија е во ЕУ, да не ја пропуштаат оваа шанса

Discussion about this post

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk